Датум на објава: 04.08.2025

Краен рок на аплицирање: 10.08.2025

Период на ангажман: август 2025 – март 2026

Институтот за истражување и анализи на политики – Ромалитико во периодот од август 2025 до март 2025 година продолжува да го спроведува проектот насловен “Пристап до пазарот на труд преку зајакнување на вештини и поврзување на невработени Роми со компании” кој што е поддржан од We Effect, подружницата Скопје.

Општата цел на проектот да се зајакнат Ромите со специфични знаења, вештини и практично искуство и искористување на можностите на приватниот сектор за вработување. Еден економскиот фацилитатор треба да работи во општина Неготино, а двајца во Скопје.

Ангажирање на фацилитатори за економски развој на заедницата

Главна задача на фацилитаторот за економски развој на заедницата кој ќе делува во Неготино ќе биде мапирање и препознавање на предизвиците, потребите и можностите на ромската заедница, како и ќе обезбедување и поврзување на ромската заедница со компании кои нудат можности за вработување. Главна задача на фацилитаторот за поддршка на лица без документи ќе биде да даде поддршка и да ги придржува лица без документи на кои им е потребна изработка на ДНК анализа пред надлежните институции. Главна задача на фацилитаторот за логистичка поддршка ќе биде да обезбеди поддршка на проектниот тим и асистира во активностите на проектот.

Должности и одговорности на фацилитатор за економски развој на заедницата:

  • Мапирање на најмалку 50 Роми кои бараат работа и нивно пријавување во Агенцијата за вработување
  • Идентификување на најмалку 15 лица заинтересирани за учество во обуки
  • Идентификување на најмалку 5 лица за учество во програма за образование на возрасни
  • Успешно поврзување на најмалку 10 невработени лица од базата на податоци со работодавците кои имаат потреба од работно сила
  • Обезбедување на постојана поддршка и насоки за Ромите во текот на целиот процес за нивно вработување
  • Поддршка на проектниот тим при соработка и спојување на активни баратели за вработување со компаниите кои имаат потреба од работна сила.

Должности и одговорности на фацилитаторот за поддршка на лица без документи:

  • Придружува пред надлежните институции најмалку 17 лица без лична документација идентификувани од страна на Македонско здружение на млади правници на кои им е потребна ДНК анализа за решавање на нивниот граѓански статус.
  • Поддршка при пополнување на обрасци и документи за решавање на нивниот граѓански статус на најмалку 17 лица без лична документација.
  • Обезбедување на постојана поддршка и насоки на најмалку 17 лица без лична документација во текот на целиот процес до нивно стекнување со документација.
  • Дополнително идентификува лица без лична документација на кои им е потребна ДНК анализа.
  • Комуникација со проектниот тим на Ромалитико, Македонско здружение на млади правници и надлежните институции за решавање на граѓанскиот статус на лицата.
  • Редовно известување до проектниот тим за статусот на најмалку 17 лица без лична документација кои се дел од оваа активност.

Должности и одговорности на фацилитаторот за логистичка поддршка:

  • Логистичка и административна поддршка при спроведување на ДНК анализите
  • Организирање термини, координација за транспорт
  • Комуникациска поддршка и координација со партнерите
  • Одржување редовна комуникација со координаторот, проектниот тим на Ромалитико и институциите.
  • Комуникација и следење на исполнување на таргети на Фасцилитаторите за вработување
  • Поддршка при организирање и следење на процесот на комплетирање на основно образование и спроведувањето на обуки кај невработените Роми

Евалуација на понудите

Сите пристигнати апликации најпрво ќе бидат подложни на административна проверка. Апликациите ќе се сметаат за некомплетни и ќе бидат отфрлени од понатамошно разгледување доколку еден од документите недостасува.

Пријавите кои ќе ја поминат административната проверка ќе бидат подложни на техничка евалуација, според табелата со бодови подолу. Минималниот резултат за поминување на техничката евалуација се 50 поени (50% од максималниот што може да се добие).

Критериуми за техничка евалуација Максимум

поени (вкупно 100)

Нивоа на бодување
Минимум средно образование (20 поени) 30 Високо образование = 25 поениМагистерски студии = 30 поени
Минимум две години работно искуство во работа на терен со ромската заедница (15 поени) 30

3 години = 20 поени

4-5 години = 25 поени

6+ години = 30 поени

Минимум една година работно искуство во работа со претприемачи, поврзување на невработени Роми со бизнис заедницата, лица без документи  (10 поени) 25

2 години = 15

3 години = 20 поени

4+ години = 25 поени

Минимум една година работно искуство во внесување на податоци во дата бази, подготовка на извештаи и месечни извештаи за својата работа (timesheets) (5 поени) 15

2 години = 10 поени

2+ години = 15 поени

На лицето чија апликација ќе добие најмногу резултати по техничката евалуација ќе му биде доделен договорот за ангажирање на овој проект.

Начин и потребни документи за аплицирање:

  • Лична биографија – CV
  • Мотивациско писмо кое треба да одговори на следниве прашања: Зошто аплицирате за работната позиција? Ве молиме, наведете какво било релевантно искуство за кое сметате дека ве прави соодветни за оваа позиција, вклучувајќи ги и вашите најзначајни достигнувања. (максимум 400 зборови)

Документите за апликација треба најдоцна да се достават до 10 август, 2025 година (16:00 часот) и истите треба да се испратат на следниот емаил: [email protected] со наслов: Апликација за фацилитатор.