Институтот за истражување и анализи на политики – Ромалитико, претставуван од Извршниот директор Елвис Шаќири, потпиша договор за соработка со Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување, претставувана од Претседателката на Комората, г-ѓа Верица Милеска Стефановска.
Со потпишувањето на договорот се предвидува реализација на обука за 56 Роми за стекнување квалификација за физичко обезбедување. Програмата опфаќа теоретска и практична настава, по што учесниците ќе полагаат теоретски и практичен испит. По успешно завршување на обуката и положени испити, учесниците ќе бидат лиценцирани согласно релевантните процедури и стандарди за работа во секторот за приватно обезбедување.
Дополнително, Ромалитико веќе потпиша и Меморандуми за соработка со агенции за приватно обезбедување, со што се обезбедува јасна врска меѓу обуката и пазарот на труд. Овие партнерства овозможуваат учесниците, по добивањето на лиценцата, да имаат обезбедени можности за вработување во приватни компании од секторот.
Ромалитико останува посветено на креирање конкретни можности за економско зајакнување и подобар пристап до достоинствено вработување за Ромската заедница, преку практични мерки, професионални обуки и партнерства со релевантни институции и приватниот сектор.
Оваа активност се спроведена како дел од интервенцијата „Пристап до пазарот на труд преку зајакнување на вештините и поврзување со работа“, финансиски поддржана од Шведска преку We Effect, Скопје.









