Проект: „Јавна доверба и интегритет (PTI) – Нулта толеранција кон корупцијата“
Договорен орган: Институт за истражување и анализа на политики – Ромалитико
Вид на договор: Договор за услуги
Датум на објава: 25.08.2026
Максимален буџет: 12.000 ЕУР
Времетраење на договорот: 16 месеци
- Позадина
Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико го имплементира проектот „Иницијатива за јавна доверба (PTI) – Нулта толеранција кон корупцијата“, чија цел е зајакнување на транспарентноста, отчетноста, интегритетот и учеството на граѓаните во борбата против корупцијата.
Во рамките на проектот се предвидува реализација на шест јавни кампањи кои ќе придонесат за зголемување на информираноста на граѓаните за нивните права, механизмите за пријавување корупција, заштитата на укажувачите и важноста на интегритетот и отчетноста.
Избраниот понудувач ќе биде одговорен за имплементација на следните активности:
- Ко-креативни работилници за развој на пораки и дизајн на кампањите
- Мултиплатформска имплементација на кампањи преку локални стории
- Цел на ангажманот
Целта на ангажманот е дизајн и имплементација на шест јавни кампањи кои ќе промовираат:
- Права на граѓаните;
- Канали и механизми за пријавување на корупција;
- Заштита на укажувачи;
- Транспарентност и отчетност;
- Интегритет и етичко однесување;
- Активно учество на граѓаните во борбата против корупцијата.
Кампањите треба да бидат инклузивни, засновани на докази и прилагодени на различни целни групи, вклучително млади, жени, Роми, ранливи категории граѓани и жители на рурални средини.
- Опсег на услуги
Избраниот понудувач ќе ги обезбеди сите услуги неопходни за успешна реализација на активностите наведени подолу.
Активност 1 : Ко-креативни работилници (3) за развој на пораки и дизајн на кампањите
Задачи
Понудувачот ќе треба да:
- Подготви методологија за работилници;
- Организира и фасилитира ко-креативни работилници;
- Спроведе анализа на потребите и тестирање на пораки;
- Развие комуникациски концепти и наративи;
- Дефинира тон, јазик и визуелен идентитет;
- Подготви клучни пораки и повици за акција;
- Изработи Прирачник за пораки (Messaging Playbook).
Испорачани производи
- Методологија за работилници;
- Реализирани работилници;
- Извештај од работилниците;
- Прирачник за пораки и визуелен пристап.
Активност Мултиплатформска имплементација на кампањи
Кампањите треба да вклучуваат:
Развој на концепт
- Комуникациска стратегија;
- План за комуникација;
- Слоган;
- Клучни пораки;
- Визуелен идентитет.
Подготовка на материјали
- Материјали за социјални медиуми;
- Инфографици;
- Постери;
- Визуелизација за дигитални медиуми;
- Кратки промотивни видеа;
- Видео приказни;
- Анимирани видеа;
- Промотивни содржини.
Дистрибуција
Преку:
- Facebook;
- Instagram;
- YouTube;
- TikTok;
- Онлајн медиуми;
- Телевизија;
- Очекувани резултати
- Спроведени три работилници
- Шест успешно реализирани јавни кампањи;
- Зголемена информираност за правата на граѓаните;
- Подобра информираност за механизмите за пријавување корупција;
- Подигната свест за интегритет и отчетност;
- Поголема вклученост на младите и ранливите групи;
- Широк опфат преку дигитални, традиционални и локални канали.
- Испорачани производи
За секоја кампања:
- Концепт на кампања;
- План за комуникација;
- Слоган и комуникациски пакет;
- Визуелен идентитет;
- Промотивни материјали;
- Материјали за социјални медиуми;
Финален извештај
- Преглед на сите шест кампањи;
- Реализирани активности;
- Постигнат опфат и видливост;
- Медиумски резултати;
- Аналитика од социјални медиуми;
- Буџет
Максималниот буџет за оваа набавка изнесува:
12.000 ЕУР
Буџетот е пресметан врз основа на:
- 6 јавни кампањи;
- 2.000 ЕУР по кампања.
Цената треба да ги опфати сите трошоци поврзани со:
- Развој на концепт;
- Комуникациска стратегија;
- Работилници;
- Дизајн;
- Изработка на материјали;
- Видео продукција;
- Печатење;
- Дистрибуција;
- Организација на настани;
- Патни и логистички трошоци;
- Известување и администрација.
- Право на учество
Право на учество имаат:
- Маркетинг агенции;
- Комуникациски агенции;
- ПР агенции;
- Консултантски компании;
- Граѓански организации;
- Индивидуални консултанти;
- Конзорциуми и експертски тимови.
Понудувачите треба да имаат:
Правните и физички лица мора да предложат:
Минимален тим
- Контент креатор
Одговорен за:
- Развој на комуникациски пораки;
- Подготовка на содржини за кампањите;
- Подготовка на содржини за социјални медиуми;
- Подготовка на слогани, наративи и комуникациски материјали.
Минимум:
- 3 години релевантно искуство.
- Визуелен креатор / Графички дизајнер
Одговорен за:
- Развој на визуелен идентитет;
- Подготовка на графички решенија;
- Изработка на визуели за дигитални и печатени материјали;
- Поддршка во продукција на кампањски материјали.
Минимум:
- 3 години релевантно искуство.
Забелешка: Едно лице може да ги извршува двете улоги доколку ги исполнува бараните квалификации и располага со соодветно портфолио.
Кон критериумите дополнително треба да имаат:
- Најмалку 3 референтни ангажмани реализирани во последните 5 години поврзани со јавни кампањи, комуникации, медиумска продукција, застапување, подигање на јавната свест или сродни области;
- Искуство во комуникации и продукција;
- Искуство во работа со граѓански организации, институции или донаторски проекти ќе се смета за предност.
- Потребна документација
А. Техничка понуда (максимум 10 страници)
- Предложена методологија и пристап (максимум 6 страници)
Да содржи:
- Методологија за работилниците;
- Пристап за вклучување на засегнатите страни;
- Методологија за развој на кампањите;
- Пристап за продукција на материјали;
- План за дистрибуција и видливост;
- Мерки за контрола на квалитет;
- Управување со ризици.
- Работен план и временска рамка (максимум 2 страници)
- Капацитет на понудувачот и предложен тим (максимум 2 страници)
Б. Финансиска понуда
- Вкупна цена во ЕУР;
- Детален буџет по ставка согласно барањата во повикот
В. Придружна документација
За правни лица
- Профил на организацијата/компанијата;
- Портфолио со најмалку 3 референтни ангажмани реализирани во последните 5 години;
- CV-а на предложените експерти;
- Тековна состојба;
- Најмалку две референци.
За индивидуални консултанти
- CV;
- Портфолио со најмалку 3 референтни ангажмани реализирани во последните 5 години;
- Докази за претходно искуство;
- Најмалку две референци.
Портфолиото задолжително треба да содржи краток опис на активностите, клиентот/нарачателот, периодот на имплементација и постигнатите резултати.
- Критериуми за евалуација
Максимален број поени: 100
А. Техничка евалуација – 85 поени
- Предложена методологија и пристап – 40 поени
1.1 Методологија за ко-креативни работилници – 15 поени
| Опис | Поени |
| Не е опишана методологија | 0 |
| Основен опис на методологијата без јасни чекори и алатки | 5 |
| Добро разработена методологија со јасни чекори, целни групи и очекувани резултати | 10 |
| Детална методологија со конкретни алатки за фасилитација, прибирање податоци, тестирање на пораки и механизми за вклучување на целните групи | 15 |
1.2 Методологија за развој на пораки и кампањи – 15 поени
| Опис | Поени |
| Не е опишан пристап | 0 |
| Основен пристап за развој на пораки и визуелен идентитет | 5 |
| Добро разработен пристап со сегментација на целни групи и комуникациски канали | 10 |
| Детален пристап со сегментација на публика, тестирање на пораки, комуникациски канали и индикатори за успех | 15 |
1.3 Методологија за имплементација, видливост и вклучување на заедницата – 10 поени
| Опис | Поени |
| Не е опишана методологија | 0 |
| Основен план за имплементација | 3 |
| Добро структуриран план со повеќе комуникациски канали | 7 |
| Детален план со активности за видливост, медиумска дистрибуција, настани во заедницата и механизми за следење на резултатите | 10 |
- Релевантно искуство и портфолио – 30 поени
2.1 Искуство во јавни кампањи – 15 поени ( се зема среден просек од предложениот тим)
| Број на реализирани кампањи | Поени |
| Нема релевантно искуство | 0 |
| 1–2 кампањи | 5 |
| 3–5 кампањи | 10 |
| 6–9 кампањи | 13 |
| 10 или повеќе кампањи | 15 |
2.2 Искуство во комуникации и медиумска продукција – 5 поени (се зема среден просек од предложениот тим)
| Број на реализирани проекти | Поени |
| Нема релевантно искуство | 0 |
| 1–2 проекти | 2 |
| 3–4 проекти | 4 |
| 5 или повеќе проекти | 5 |
2.3 Искуство во донаторски проекти – 5 поени (се зема среден просек од предложениот тим)
| Број на реализирани проекти | Поени |
| Нема релевантно искуство | 0 |
| 1 проект | 2 |
| 2–3 проекти | 4 |
| 4 или повеќе проекти | 5 |
2.4 Искуство во добро владеење, антикорупција, човекови права, граѓанско учество или социјална инклузија – 5 поени ( се зема среден просек од предложениот тим)
| Број на реализирани проекти | Поени |
| Нема релевантно искуство | 0 |
| 1 проект | 2 |
| 2–3 проекти | 4 |
| 4 или повеќе проекти | 5 |
- Квалификации и капацитет на понудувачот – 15 поени
3.1 Релевантно професионално искуство на носителот на ангажманот и/или предложениот тим – 10 поени ( се зема среден просек од предложениот тим)
| Искуство | Поени |
| Помалку од 3 години | 0 |
| 3–5 години | 4 |
| 6–8 години | 6 |
| 9–10 години | 8 |
| Над 10 години | 10 |
3.2 Технички и професионален капацитет – 5 поени
| Капацитет | Поени |
| Не е докажан капацитет за реализација на задачите | 0 |
| Основен капацитет и ограничени ресурси | 2 |
| Соодветен капацитет и ресурси за реализација на договорот | 4 |
| Одличен капацитет со јасно распределени улоги, ресурси и механизми за контрола на квалитет | 5 |
Минимален праг
Само понудите кои ќе освојат најмалку 55 од можни 85 технички поени ќе бидат предмет на финансиска евалуација.
Б. Финансиска евалуација – 15 поени
Најниската финансиска понуда добива 15 поени.
Формула:
Финансиски поени = (Најниска понуда ÷ Понуда што се оценува) × 15
В. Вкупна евалуација
| Компонента | Поени |
| Техничка евалуација | 85 |
| Финансиска евалуација | 15 |
| Вкупно | 100 |
Договорот ќе биде доделен на понудувачот кој ќе освои највисок вкупен број поени.
- Поднесување на понуди
Понудите се доставуваат електронски со назнака: Иницијатива за јавна доверба, Повик за јавни кампањи, на следната емаил адреса [email protected], најдоцна до 09.09.2026, 17:00 часот. Сите понуди доставени по рокот нема да бидат земени во предвид.
Понудите мора да важат најмалку 90 дена од крајниот рок за доставување.
Договорниот орган го задржува правото да не избере понудувач доколку понудите не ги исполнуваат барањата или го надминуваат расположливиот буџет.
- Дополнителни информации
Сите материјали изработени во рамки на договорот треба да бидат во согласност со правилата за видливост на Европската Унија и да ја истакнуваат финансиската поддршка од Европската Унија.
Авторските права за сите изработени материјали остануваат во сопственост на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико.









