ШТО ПОСТИГНАВМЕ ВО 2023 СО ПРОГРАМАТА РОМАКТЕД II ФАЗА
20 инфраструктурни зафати (патишта, фекални мрежи, детски игралишта, училишта)
471 ромско дете (209 девојчиња) вклучени во активностите за туторство
176 прегледи на лица од ромската заедница преку мобилна амбуланта
380 млади Роми од четири општини поминаа обуки за активно барање на работа
Во две општини 28 Роми од кои 15 жени со одмината возраст се стекнаа со основно образование
8 информативни сесии за активните мерки за самовработување во кои учествуваа 146 Роми
13 Роми од четири општини од кои 3 жени со одмината возраст се стекнаа со средно образование
На 51 лице беше дадена поддршка за вработување на Роми
40 лица од Прилеп и Битола преку дадената поддршка се вработија
15 грантови во вредност од 223,230 евра, општините обезбедија свое учество во вредност од 29,842 евра
Во синергија со проектот “Заедно за просперитетна заедница” се обезбедија 19,757 евра за две акции една во Велес и една во Тетово
Беа одржани две работилници во кои 30 судии и јавни обвинители ги усовршија своите вештини во антидискриминација, антициганизам и судската практика на Европскиот суд за човекови права.
Летниот семинар за борба против дискриминација и говор на омраза што се одржа во Охрид од 27 до 29 јуни. Учесниците се запозна со главните концепти на антидискриминација и борба против говорот на омраза, како и концептот на антициганизам.