Денес сме во општина Кочани за да го потпишеме договорот за локалната акција “Бетонирање крак на улицата Стамен Манов” во ромското маало.

Уличниот крак е на потегот кон Колерски Гробишта, со должина од 120 м и со различна ширина од 1,5 до 3 м. Со оваа акција обезбедуваме пристапен пат на ромската заедница во Кочани.

Моменталната состојба на патот е стрмен црн/ земјен пат кој е тешко прооден, и таквата состојба го отежнува пристапот до своите домови на заедницата.

Ние заедно со заедницата и градоначалникот Љупчо Папазов разговаравме за приоритетите на жителите Роми и организирање на следните акции и нашата иницијатива за зелени ромски маала.

Благодарност до нашите теренски соработници Јалчн и Шенџабил, како и нашите локални жители Роми!

https://fb.watch/p9toU36LDP/