Денес во Кочани ги посетивме локациите каде што изминатиот период реализиравме 2 локални иницијативи. Првата за расчистување на депонијата на Полатски пат и поставување на три контејнери и втората за поставување на сообраќајно сферно огледало на улица Стамен Манов, исто така во ромското маало.
Апелираме до локалната заедница и сите кои сметот го фрлаат во овој дел од градот да ја зачуваат и да се грижат за животната средина. Ромалитико ја започнува иницијативата за зелени ромски маала во која депониите ќе станат места за одмор и рекреација, а и паралелно ќе работи на подигнување на еко-свеста на населението.
Воедно остваривме средба со градоначалникот на која што разговаравме и ги заклучивме идните чекори и планови во насока на унапредување на состојбата на нашето ромско население и реализација на понатамошни иницијативи поврзани со инфраструктура.