Нашите соработници од Штип изминатиов викенд вршеа попис на куќите кои се во постапка за легализација, а истите се изградени на приватен имот и се комплексни за решавање.
Се прибраа податоци од 30 сопственици за фазата на легализација на нивните куќи.
Во однос на спорните предмети, Ромалитико во партнерство со Коалиција „Сите за правично судење“ има намера истите да ги застапува и успешно да ги реши.
Процесот е тежок, но вреди да се залагаме и да помогнеме на 30 семејства да го решат долгогодишниот спор со легализацијата.