По повод Интернационалниот ден на девојчињата – 11 октомври  ја организиравме кампањата #ИднинатаЕЈас во кои беа вклучени 11 девојчиња Ромки со различни интереси и таленти.

Со оваа кампања сакаме да влијаеме на менување на наративите врз Ромите и да презентираме позитивна слика на млади кои воопшто не се различни од другите млади во нашата држава.

Во рамки на кампањата беа публикувани 11 постери, 11 видеа и една видео компилација од сите вклучени девојчиња. Истите може да ги проследите на нашата fb страна.