Телевизија Кочани и порталот Glasno.mk известија за нашите две акции и идните планови во ромските маала.
Во изјава за медиумите нашиот проектен директор Суад Скенери истакна: „Веќе се планираат да се спроведат уште две акции во делот на инфраструктурата во ромското маало за што имаме контакт и со локалната самоуправа на Кочани. Во следната фаза сакам да ја најавам нашата кампања „Зелени ромски маала“ што претставува иницијатива на нашата организација да ги мапира сите диви депонии во ромските маала и да ги претвори во паркови се со цел фокус на животната средина и здравјето на жителите.“
Нашите локални консултанти Јалчн и Шенџабил истакнуваат:
„Акцијата е по барање на жителите за поставување на садови за отпад и сообраќајно сферно огледало. Како организација даваме поддршка кон активности кои следат, како асфалтирање на дел од улица „Стамен Манов“ и останати споредни улици“
„Апелираме до населението во ромското маало да ја чуваат околината и одговорно да се однесуваат кон животната средина, притоа отпадот да го фрлаат во поставените садови и да ја сочуваат поставената комунална опрема.“
Линк до целосното интервју: https://tinyurl.com/ynjxv58f
https://fb.watch/p9kF_urKvp/