Општина Велес ја финализираше локалната акција на ул. „Јордан Џурнов“ со поставување на заштитна ограда во должина на целата реконструирана улица од 135 метри по доставеното барање од страна на Ромалитико за интервенција со архивски број 0806 – 140/2.
На истата улица минатата година се постави фекална канализација и целосно се реконструираше целата пристапна патека од 135 метри преку проектот Заедно за просперитетна заедница во соработка со Совет на Европа, преку програмата Ромактед Фаза II.