По повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, Институтот Ромалитико заедно со Заменик амбасадорот на САД Ерик Мејер ја посети фабриката Lear Corporation.
Ромалитико во изминатите неколку години успешно регрутираше 80 Роми кои се вработија во фабриката.
Денес на состанокот беа присутни и неколку вработени Роми кои работат како инженери, тим лидери и менаџери и ова покажува дека Ромите може да напредуваат во својата кариера.
Леар покажа одличен модел на #инклузија и #различност и треба да служи како пример за останатите Македонски компании.
Во моментот во Lear Corporation има вкупно 214 вработени Роми.