🚧 Реконструкција на улица „Хаџи Јован Шишко“ во Општина Шуто Оризари, од детска градинка 8 Април до главната улица „Индира Ганди“.
✅ Со оваа реконструкција се опфаќа последната трета фаза од улицата во вкупна должина од околу 180 метри.
💰 Вкупната инвестиција е околу 5.081.883,00 денари.
ℹ️ Целоснта должина на улицата „Хаџи Јован Шишко“ е околу 1,2 км и е една од главните „артерии“ на општината со која се спојуваат повеќе улици: „Овчеполска“, „Тиквешка“, „Демирхисарска“, „Слан Дол“, „Злетовска“, „Нов Живот“, „Дринска“, „Гвадалахара“ и други улици.
👨‍👩‍👦‍👦 Улицата дневно опслужува повеќе од 5.000 жители.