На средбата со градоначалникот на Пробиштип – Драган Анастасов се разговараше за изнаоѓање на решенија во врска со неколку долгорочни проблеми на заедницата:
Населба Драч – асфалтирање на улица, поставување на фекална канализација и прочистителна станица на река Злетовска;
Објектите наречени „КП Дом“ и „Бараки“ – решавање на проблемот со домување и обезбедување на соодветни услови за живот што подразбира регулирање на сопственоста, легализација и реновирање на објектите.
Тимот на Ромалитико ја посети локалната ромска заедница на овие места, а градоначалникот покажа интерес за решавање на овие проблеми и повика на вмрежување на повеќе институции со цел изнаоѓање на системско решение.