Денес во рамки на Ромактед фаза II се реализира работилница за фасцилитатори која има за цел да им понуди информации и знаења за достапните услуги поврзани со бесплатните здравствени услуги за жени Ромки, социјалните услуги, новите законски измени за лицата без документи и инклузивното образование. По стекнатите знаења и информации ќе бидат реализирани информативни сесии на кои на ромската заедница ќе и биде дадена поддршка за остварување на правата и користење на мерките и програмите.
Оваа активност се реализира во соработка со проектот “Борба против омразата и нетолеранцијата” кој е дел од заедничката програма на Советот на Европа и Европската Унија, Horizintal Facility, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë, HERA, Roma Education Fund, UNHCR-Skopje, Македонско здружение на млади правници/Macedonian Young Lawyers Association.