🚧 Започнуваат градежните активности на ул. „Прохор Пчињски“ – 2 фаза, во ромското маало во Берово.
✅ Ќе се реконструира улица во должина од околу 230 метри и широчина од 4 метри со поставување на бетонски рабници.
💧 Од едната страна е предвидено одводнување, преку поставување на каналетки за испуштање на атмосферската вода.
💰 Вкупната вредност на оваа инвестиција чини 2.213.206,00 денари.
🎯 Со реконструкцијата на оваа улица, која е една од најзначајните улици во ромското маало, во значителни размери се подобрува патната инфраструктура за нашите Роми.