Заедно со директорката на Агенцијата на САД за меѓународен развој – УСАИД, Џери Дајбл, го посетивме Тетово.

Успеавме да ги посетиме локациите кои беа идентификувани како приоритети за локални акции од страна на ромската заедница во Тетово.

Од посетата заклучивме дека е потребно заедничко вклучување и придонес кон решавање на долгогодишните проблеми на заедницата во Тетово.

Со тоа, Ромалитико силно поддржана од ромската заедница во соработка со Општина Тетово потпишаа договор за реализирање на две локални акции.

Асфалтирање на улица Јадранска во должина од 120 метри преку заедничка финансиска поддршка од Заедничката програма на ЕУ и Совет на Европа – РОМАКТЕД II и УСАИД проектот „Заедно за просперитетна заедница“ и Реконструкција на бетонски канал за атмосферска вода на ул. Прохор Пчински во должина од 100 метри.

Заедно со градоначалникот Биљал Касами се заложивме за понатамошна соработка и целосно решавање на проблемите на ромската заедница со цел унапредување на животниот стандард во општина Тетово.

Заедно во решавање на проблемите!

Заедно за НАС!

https://fb.watch/p9v4hfZGR6/

USAID North Macedonia

Roma EU-CoE Joint Actions

Council of Europe Programme Office in Skopje