Децата од Црник ќе добијат подобри услови во градинката “7 септември”.
Денес бевме во посета на Црник и Пехчево.
Бевме во градинката “7 септември” која беше посочена како приоритет од страна на локалната ромска заедница.
Реконструкцијата на градинката е од исклучителна важност затоа што со моменталните услови 13 деца не можат да ја посетуваат градинката со целодневен престој.
Затоа ние, заедно со Општина Пехчево и градинката “7 септември” се заложивме во заедничка акција да ги подобриме условите во градинката.
Потпишавме договор кој преку заедничка акција ќе го реши проблемот со постоечката влага преку изведба на дренажен систем, целосна внатрешна реконструкција и набавка на опрема со што ќе се овозможат услови за целодневен престој на децата во градинката.
Продолжуваме со унапредување на животниот стандард на ромската заедница! Заедно за НАС!
https://fb.watch/p9vzxUPBzp/