🚰 Започна реконструкцијата на водоводната мрежа на дел од ул. „Иво Лола Рибар“ во Виница
🚧 Реконструкција на водоводна мрежа предвидува замена на постоечките азбест-цементни со високо квалитетни полиетиленски цевки.
✅ Потребата од спроведување на оваа акција е создавање на основни услови за квалитетен живот преку обезбедување на квалитетна вода и за пиење на жителите од Ромското маало.
💰 Вкупната инвестиција за реконструкција на водоводната мрежа чини 2.067.038,24 денари.
🎯 Дополнително со реализација на акцијата ќе се зголеми капацитетот на водоводната мрежата и ќе се обезбедат доволни количини вода за домаќинствата во овој дел од градот.