Анализата „Соодветна и правична застапеност во јавниот сектор“ ги разгледува промените во застапеноста на етничките заедници во периодот 2016–2025 година, со посебен фокус на ромската заедница и родовата еднаквост. За девет години, вкупниот број вработени во јавниот сектор се зголемил за само 574 лица, односно за 0,52%.
Најголем апсолутен раст во однос на 2016 година е забележан кај албанската заедница, со 2.785 вработени повеќе, додека турската заедница бележи најголем релативен раст од 28,19%. Кај Бошњаците е забележано умерено зголемување, додека бројот на Македонците, Србите и Власите е намален. Кај ромската заедница бројот на вработени се зголемил за само 70 лица – од 1.215 на 1.285, а уделот пораснал од 1,10% на 1,16%.
Сепак, споредбата меѓу 2023 и 2025 година покажува значителни промени. Бројот на вработени Македонци се зголемил за 2.508 лица, додека кај Албанците е намален за 252 лица. Кај Турците се забележува намалување за 552 лица, кај Србите за 386, кај Власите за 130, кај Бошњаците за 45, а во категоријата „Други“ за 128 лица. Кај ромската заедница бројот на вработени се намалил за 299 лица, односно за 18,88%. По падот од 303 лица во 2024 година, во 2025 година биле регистрирани само четири вработени Роми повеќе.
Најизразена родова нерамнотежа е присутна кај ромската заедница: жените сочинуваат само 34,55% од вработените Роми и околу 0,40% од сите вработени во јавниот сектор. Дополнително, во 107 од 171 анализиран јавен субјект нема ниту еден вработен Ром. Анализата предлага таргетирани мерки за подзастапените заедници, спречување на злоупотребите на етничката припадност, поголемо учество на граѓанскиот сектор, собраниска контрола и редовна евалуација на новото законско решение.