Денес во Виница го најавуваме финализирањето на првата локална иницијатива на ромската заедница поддржана од општината и Ромалитико.

Поставени се постојки за чекање на јавен превоз на две локации во ромското маало. Едната кај џамијата, а другата во близина на продавницата на Елвис и Зулихана.

Со оваа иницијатива овозможивме означување на постојките како збирно место на околу 150 ромски деца од прво до деветто одделение и со тоа овозможивме нивна заштита при врнежи.