Започнаа градежните работи во детската градинка во село Црник, Општина Пехчево.
Изминатава недела се почна со ископување на дренажата, со што треба да биде обиколен со ископан ров целиот објект, за да се премине кон поставување на дренажните материјали. Се работи во полн ек!
Внатре е поставена металната подконструкција и ќе се чека да се изработи дренажата и да се исушат ѕидовите кои се цели во влага за да не се затворат влажни со тервол и гипс картон.
Ова е градинката “7 септември” која беше посочена како приоритет од страна на локалната ромска заедница.
Реконструкцијата на градинката е од исклучителна важност затоа што со моменталните услови 13 деца не можат да ја посетуваат градинката со целодневен престој.
Затоа ние, заедно со Општина Пехчево и градинката “7 септември” се заложивме во заедничка акција да ги подобриме условите во градинката.
USAID North Macedonia