Ромалитико во соработка со Општина Штип Македонија ќе реализира асфалтирање на крак во должина од 250 метри на улица „Света Недела“. Овој крак се асфалтира по цели 50  години, односно од почетното формирање на населбата.

Афалтирањето е од особена важност поради тоа што од тука секојдневно поминуваат жители Роми кои заслужуваат да добијат прооден пат по сите стандарди на урбанизација отпорен на секакви временски услови.

Напорната работа на нашиот тим и консултантите по неколку месеци од иницијалната средба со општината се доказ за посветеноста на Ромалитико и нашата ромска заедница во решавањето на сопствените предизвици и проблеми.