Нашиот програмски менаџер, Суад Скендери, ги сподели искуствата и предизвиците од нашето делување како Институт Ромалитико на тема “Подигнување на довербата во граѓанскиот сектор” на Форумот за филантропија 2024 организиран од КОНЕКТ. Во едночасовна плодна дискусија со повеќе чинители од најразлични области како бизниси, медиуми, партнер организации и институции се донесоа неколку важни заклучоци за тоа како позитивното влијание со дела и соработка од кои најголем интерес имаат самите ѓраѓани кон кои се наменети проектите може успешно да се зголеми взаемната доверба.