Крајната цел на Ромалитико со проектот Заедно за просперитетна заедница е да иницира и реализира локални и видливи промени. Особено сме горди и убаво е чувството кога промените доаѓаат од самата заедница и Ромите сами ги реализираат потребите.
Таков е и случајот со самостојната изградба на потпорен ѕид во вредност од 16.500 денари на улица „Широк Дол“. Ова е улицата која неодамна ја бетониравме во должина од 40 метри. Овој пат, самата заедница си ги собра средствата и со дополнителна работна рака на жителите си реши уште еден децениски проблем. Секоја чест!
Особена благодарност и до гласот на заедницата Idris Zejnelov Amince и Jumran Mamudova како и Хусеин Еминов и Erol Ademov