ШТО ПОСТИГНАВМЕ ВО 2023 СО „ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ИНКЛУЗИЈА НА РОМИТЕ“
Бројките што следат подолу не се само статистика, овие бројки се заеднички сменети ваши животни приказни. Продолжуваме да ја оправдуваме вашата ДОВЕРБА и во 2024 година. Ги процесираме вашите барања кои секојдневно стигнуваат на социјалните мрежи.
Во 2023, покренавме повеќе од 2167 предмети за пристап до права и сервиси во сите 5 области на делување: социјална и детска заштита, лична документација, вработување, образование, здравствена заштита и домување.
Активни сме во 19 општини со повеќе од 800 дадени советувања, покренати 23 судски постапки, комплетирано основно образование со свидетелства на 97 возрасни Роми, поддршка за аплицирање на над 170 средношколски стипендии за Роми, 390 Роми кои добија изводи, 16 од нив кои добија државјанство, 19 ромски семејства кои добија социјални станови и ургенции за легализација на 21 семејство.
Во областа на бизнис и претприемништво посредивме за вработување на 169 Роми, вклучивме повеќе од 47 лица во мерките на АВРСМ, дадовме поддшка за добивање на 12 грантови за самовработување со вкупна вредност од над 70.000.000 евра и дигитализиравме 13 ромски бизниси.
Во делот на соработка со општините, доставивме 72 буџетски предлози во вредност од околу 75 милиони денари од кои се усвоени 36 во вредност од 20.3 милиони денари, присуствувавме и на 58 седници на совет.
Достигнавме на 1.1 милион ваши прегледи на социјалните медиуми, гостувавме на 8 национални телевизии, бевме публикувани со над 120 вести на 35 различни веб-портали. Издадовме и 3 броја на е-списанието РОМА ИНДЕКС со 12 интервјуа на познати Роми на светско ниво и над 17 авторски текстови на влијателни Роми во нашата земја.
Благодарност до сите општини и институции за нивната поддршка како и целата структура на Ромалитико без кои немаше да се смени ниту една животна приказна на подобро!