Денес бевме во општина Радовиш за да ја финализираме локалната акција за поставување на јавно осветлување со соларно напојување во ромските маала.

Заедно со градоначалникот Ацо Ристов договорена е и реконструкција на улица во должина од 150 метри во месноста Полигон каде што живеат повеќе од 15 ромски семејства.

Во рамките на кампањата “Зелени ромски маала” договорено е и хортикултурно уредување на просторот Полигон и урбанизација во центарот на ромското маало – Бозгел.

Во тек е поставување на вкупно 50 соларни светла низ улиците на Шаин Маало, Коџа Баир, Бозгел и Калуѓерица. Овој проблем со јавното осветлување во ромските маала конечно се решава после 2 години.

За имплементација на оваа акција би сакале да се заблагодариме на Led Market кој несебично донираше 180.000 денари за набавување на светлата потребни за оваа акција. Нивната општествена одговорност е пример како бизнис секторот заедно со граѓанскиот сектор може да направи промена во заедницата