Тимот на Ромалитико потпиша договор за соработка со општина Велес за реализирање на локална акција за реконструкција на фекална канализација и бетонирање на пристапна патека од 135 метри на ул. Јордан Џурнов.

Со реализирањето на оваа локална акција ќе се заштити јавното здравје на ромското населението кое живее на оваа локација и ќе се спречи појавувањето на заразни болести кои се шират како последица на непостоење на фекална канализација. Исто така, ќе се подобри и проодноста со реконструкцијата на улицата.

Финансиската поддршка е обезбедена од Агенцијата на САД за меѓународен развој – УСАИД, Советот на Европа и Европската унија преку РОМАКТЕД II програма и општина Велес.

USAID North Macedonia

Roma EU-CoE Joint Actions

Council of Europe Programme Office in Skopje

Општина Велес