Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико го објавува Извештајот во сенка за спроведувањето на јавните политики за Ромите во Република Северна Македонија, кој го опфаќа периодот јануари 2025 – март 2026 година. Извештајот е подготвен во рамките на регионалниот проект „Beyond Barriers: Roma Resilience in the Western Balkans“, финансиран од Европската Унија.

Извештајот претставува независна анализа на спроведувањето на јавните политики наменети за Роми и ја оценува состојбата во клучните области кои влијаат врз животот на ромската заедница. Анализата се темели на официјални податоци добиени од државните институции, информации обезбедени преку барања за слободен пристап до информации од јавен карактер, јавно достапни статистички податоци и анализа на законската и стратешката рамка.

Во извештајот се обработени следните области:

  • Институционална поставеност;
  • Образование;
  • Здравство;
  • Домување;
  • Граѓанска регистрација и превенција од бездржавјанство;
  • Дискриминација и антициганизам;
  • Родово базирано насилство, трговија со луѓе и заштита на децата;
  • Вработување;
  • Бесплатна правна помош; и
  • Буџетирање на политиките за инклузија на Ромите.

Преку анализа на актуелните политики, статистички податоци и конкретни препораки, извештајот има за цел да придонесе кон поефикасно спроведување на јавните политики, поголема институционална отчетност и унапредување на правата и еднаквите можности на Ромите во Република Северна Македонија.

Извештајот е достапен на македонски и англиски јазик. Изберете го јазикот за преземање.