Вчера во спортската сала на ООУ „Ѓорги Сугарев“ – Битола се одржа спортски натпревар со родители и деца од сите генерации од ромската и неромската заедница. Ова беше првпат заедно да се соберат родители и деца од сите генерации, вклучително и дел од наставниот кадар на ОУ „Ѓорѓи Сугарев“. На настанот учествуваа 22 родители и повеќе од 30 ученици.
За време на настанот учесниците се потсетија колку е забавен и значаен спортот за инклузија, за заедничко дружење на сите без разлика на националноста, полот, возраста но и колку придонесува за нивното здравје доколку редовно го практикуваат. Учесниците се забавуваа и учеа за важноста на спортот, дисциплината, правилата и фер-плејот преку: – кратко предавање за важноста од изведување утринска гимнастика, физички вежби и одење/возење велосипед/трчање во природа; – активности за загревање – изведување вежби за развој на телото; – изведување на штафетни игри во две групи со ротација; – играње лепчиња со сите учесници; – завршна активност – играње на заедничко народно „оро на пријателството“. Учесниците беа презадоволни и сакаа овој настан да стане редовен и да стане традиција.
Целта на настанот беше поддршка на образовниот процес на децата Роми на локално ниво и на децата Роми-повратници со родители Роми и не-Роми за важноста на инклузивното образование. Поддршка на учениците за редовно посетување на децата Роми на училиште.