Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико Скопје во рамките на проектот „Хуманитарна помош преку систем на мониторинг и координација за донации во ромската заедница“ финансиски поддржан од Цивика Мобилитас објавува повик за прибирање на понуди за подготовка на 160 хигиенски пакети.

Проектот „Хуманитарна помош преку систем на мониторинг и координација за донации во ромската заедница“ има за цел обезбедување на рамноправна и навремена распределба на хуманитарна помош на целата територија на Република Северна Македонија во ромската заедница.

Во рамките на оваа активност од проектот се предвидува да се спроведе хуманитарна акција во општина Велес со која што ќе бидат опфатени 160 семејства при што распределбата на пакетите ќе се врши преку тим лидерите на АВАЈА.

Краен рок за аплицирање е 05 јуни 2020 година до 12:00 часот со испраќање на потребната документација на емаил адресата: [email protected] со предмет: Понуда за хигиенски пакети.

*Апликациите кои што ќе пристигнат после предвидениот рок нема да се земат во предвид

Потребни документи:

– Повик за прибирање на понуди

– Инструкции за понудувачи

– Прилог 1 – Образец на понуда

– Прилог 2 – Изјава за сериозност на понудата