Започна реконструкција на 250 метри крак од населбата „Света Недела“.
„Улица 1“ е една од поголемите кракови од вкупните 8 во населбата „Света Недела“ која важи како една од најважните за транзит и движење на населението.
При поројни дождови оваа улица станува свлечиште на кал кое го отежнува движењето на населението и претставува опасност за повреди и лизгање на земјиште.
Оваа е прва интервенција во оваа населба која ќе реши проблем на населението кој постои од самиот почеток на населбата, околу 50 години.
https://fb.watch/p9xsMUjOWi/