На националниот тренинг за човекови права насловен ”Roma Youth Combating Antigypsyism” од 24-27 јули 2024 во хотел „Радика“ – Маврово околу 20 учесници на интерактивен начин и работа по групи со нашите тренери Мустафа Јакупов (експерт за антициганизам), Алберт Мемети, Марија Сулејманова и Дениз Селмани (програмски менаџер во Ромалитико), разработуваа теми како: градење на тим, принципи, вредности и историја на човекови права и нивната важност во секојдневието, работа и надлежност на Советот на Европа, ромска култура и идентитет, антициганизам: историски континуитет на феноменот, застапување како алатка за промовирање на човекови права, план за акција и добри пракси за застапување на човекови права.
На тренингот свои обраќања пред учесниците имаа и Министерот Фатмир Лимани (Министерството за социјална политика, демографија и млади), Олег Солдатов (раководителот на програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје). Министерот одговори на прашањата на нашите учесници за неговите напори во вклучување на млад ромски кадар во процесот на креирање на политики за носење на одлуки кои директно ги засегаат Ромите по согледувањето на одредени предизвици во претходните денови со нашите тренери. Учесниците дознаа и одлични механизми и практики од раководителот на програмската канцеларија кој во 90 минутна посебна сесија ја објасни работата и надлежностите на Советот на Европа во кој земјите-членки ги координираат политиките поддржувајќи ги човековите права, демократијата и владеењето на правото во Европа.
По сите макотрпни и интензивни сесии учесниците произлегоа со план за акција и предложија три навистина добри предизвици кои во идниот период ќе ги покренат и решат, а кои вклучуваат и активна борба против антициганизамот.  Во прилог се 4 видеа од атмосферата и работата на овој тренинг.