На 26 јули 2024 во МКЦ во организација на Здружението Хуманитарно Културен ФЕНИКС се одржа интернационално-традиционалниот поетски фестивал “ЗАЕДНО ЗА СКОПЈЕ” во чест на катастрофалниот земјотрес од 1963 година.

На фестивалот земаа учество 130 поети од 40 држави од цел свет. Гости на фестивалот беа претставници од Град Скопје, претставници од повеќе граѓански организации, претставници од повеќе амбасади (Русија, Грција, Египет), како и претставници на многу домашни и странски институции и здруженија.

По воведното обраќање на Претседателката на Здружението М-р Билјана Челик, беше доделено признанието за животно дело “МАКЕДОНСКИ ФЕНИКСИ” за посебен придонес во областа на литературата која му припадна на црногорскиот писател Миодраг Миња МИЛАЧИЌ за чиј 30 годишен творечки опус беше прикажано видео.

Црногорскиот писател е Лауреат на фестивалот ЗАЕДНО ЗА СКОПЈЕ и доби “ЗЛАТЕН ФЕНИКС”, монографија за град Скопје, уметничка слика од сликарката Оливера Ивановиќ и комплет книги во издание на здружението ФЕНИКС.

Беа прикажани видео рецитации од странски автори, а со свои рецитации настапија присутните автори.

Во музичкиот дел свое учество земаа оперскиот пејач, добитник на голем број домашни и меѓународни признанија – Давид Миладинов, маестралната Бајса Арифовска – композитор и инструменталист која свири на повеќе од 15 инструменти, Јулија Мациевска, ансамблот за народни песни “Вања Лазарова”, членовите на здружението за подршка на лица со Даунов симдром „Трисомија 21“.

Кандидатот за Нобелова награда за мир сликарот Живко Поповски – Цветин во текот на настанот создаваше свои дела кои ги подари на присутните.

Градот Скопје и Институтот РОМАЛИТИКО добија подароци од страна на Здружението ФЕНИКС, а сите автори добија благодарници и копија од алманахот 5 “ЗАЕДНО ЗА СКОПЈЕ”.

Во продолжение поезијата „АКО ИКАДА“ на Лауреатот „ЗЛАТЕН ФЕНИКС“ авторот Миодраг Миња МИЛАЧИЌ.

АКО НЕКОГАШ

Ако некогаш зачекорам во зората без тебе,
И побелената коса ги покрие нашите зими и лета,
Ако некогаш насликам брчка во твоето срце,
Ако те оставам на половина лето.

Ако некогаш почнам да сонувам без тебе,
Ако темниците ми шепотат тага,
Ако некогаш тѐ пуштам на темнината која повикува,
Ако го изгаснам сонцето да плаче со виножитото.

Ако ова јаве некогаш започне без тебе,
Ако некогаш се обидат да ни ја изгаснат свеќата,
Ќе знаеш дека нашата љубов живее, воскреснува,
А мислевме дека сме мртви на крстот.