
Со замената на 28 стари и нефункционални врати повеќе од 1720 ученици добија подобри услови за мирно следење на часовите и наставата.

Успешно е завршена уште една локална акција во ОУ „Братсво Миѓени“ во Тетово.

Вредноста на оваа акција изнесува околу 452.000 денари.

Им благодариме на сите инволвирани во спроведувањето на оваа акција.

Тимот на Ромалитико активно работи на повеќе локации низ државата, следува период на презентирање на резултатите во повеќе општини.