
Во целосно нова доградба на крајот од училниците, ОУ „Ванчо Китанов“ во селото Црник, Пехчево доби 3 нови тоалети (со посебна кабина за лица со посебни потреби).

Сите 63 ученици и целосниот персонал на училиштето конечно имаат нови тоалети по 4 месеци интензивна работа вклучувајќи многу различни градежни активности како рушење, ѕидање, поставување на водоводна мрежа и фекална канализација, керамички и фасадерски работи како и комплетно опремување на тоалетите.