Позиција: Консултант за прибирање на средства

Работен јазик: Македонски јазик

Рок за аплицирање: 28 ноември 2024 (16:00 часот)

Времетраење: до 31 јануари 2025

 

Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико во рамки на проектот Заедно за просперитетна заедница, финансиран од Агенцијата за Меѓународен Развој на САД – УСАИД Северна Македонија кој се спроведува во партнерство со организациите ЗГ „Иницијатива за Економски Развој на Ромите – РЕДИ“ и Здружение на граѓани “Ромаверзитас” објавува Јавен повик за ангажирање на консултант за подготовка на анализа за прибирање средства (fundraising)

Општата цел на проектот Заедно за просперитетна заедница е да воспостави одржливи системи и да развие капацитети на ромската заедница, така што заедницата ќе може да планира, финансира и спроведува решенија за сопствените развојни предизвици и приоритети. Проектот ја поддржува ромската заедница во 20 општини во државата во спроведување на најмалку 100 акции на локалната ниво, кои ќе бидат насочени кон приоритетните потреби на Ромите. Овие активности се идентификувани и приоретизирани преку сеопфатен партиципативен пристап, вклучувајќи различни групи на засегнати страни, како што се граѓани, приватен сектор, локални самоуправи, јавни институции, граѓански организации, локални лидери и други формални и неформални групи на граѓани.

Целта на овој повик е да се ангажира консултант за подготовка на анализа за прибирање средства (fundraising) која ќе служи за потребите на проектот. Оваа анализа треба да вклучи иновативни стратегии, длабоко разбирање на односите со донаторите и докажан успех во обезбедувањето финансирање. Исто така, да ги идентификува и анализира начините за прибирање на средства кои би биле контекстуално поврзани со општата цел на проектот.

 

Опис на задачи

  • Консултантот треба да ги мапира начините и методите за прибирање на средства и донации
  • Консултантот треба да го анализира контекстот на државата и ромската заедница со цел да се идентификуваат успешните практики и методи за прибирање средства
  • Консултантот треба да ја подготви детален извештај од анализата на Македонски јазик
  • Консултантот треба да ја презентира анализата на Институтот Ромалитико
  • Консултантот треба да направи детален план од наодите за краткорочни и долгорочни планови за прибирање на средства.

 

Квалификации

Кандидатите кои ќе аплицираат на повикот треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • Завршено минимум високо образование (додипломски студии) од областа на општествените науки или други области дополнети со искуство во соодветната област
  • Стекнато минимум 2 години работно искуство во НВО секторот
  • Поседување на вештини за раководење со проект и мобилизирање на средства,
  • Напредно познавање на Microsoft Office (Word, Excel, Power Point) и интернет алатки
  • Одлично познавање на Македонски јазик

 

Доставување на апликации

Кандидатите за проектен менаџер треба да ги достават следните документи:

  • CV
  • Мотивациско писмо

Документите за пријавување треба да се достават по електронски пат на е-маил адреса: [email protected], најдоцна до 28 ноември 2024 година до 16:00 часот со наслов „Апликација за консултант за подготовка на анализа за прибирање средства“

 

Селекција на кандидатите

Селекцијата на подобните кандидати за консултантот ќе ја врши комисија креирана од страна на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико

Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико го почитува начелото на еднаков третман и недискриминација во одлуките

 

Критериуми за селекција

  • Исполнување на условите на повикот
  • Квалитетот на доставените документи
  • Освоени поени на интервјуто

 

Само подобни кандидати ќе бидат повикани на интервју

За одлуката за селекција на кандидатите ќе бидат известени само кандидатите кои ќе бидат повикани на интервју. Институтот Ромалитико го задржува правото да не ги извести одбиените кандидати за причините за нивно одбивање.

Дополнителни информации за повикот можете да добиете во просториите на Институтот Ромалитико во Скопје на адреса (Мајаковски 12/1-18), или на тел: 075/314-504, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот или електронски на е-маил адресата: [email protected]