Повик бр.02/2025

Проект : Заедно за просперитетна заедница

Согласно Правилникот за набавки на Институтот за истражување и анализа на политики Ромалитико од 26.12.2022 година, а во врска со проектот „Заедно за просперитетна заедница“, финансиски поддржан од Агенцијата за меѓународна соработка на САД – УСАИД во партнерство со општината Тетово, Институтот за истражување и анализа на политики Ромалитико, на ден 20.01.2025 година објавува:

 

ПОВИК И УСЛОВИ НА НАБАВКА 02/2025

  1. Општи одредби
  • Набавувач: Институт за истражување и анализа на политики – Ромалитико, ул. Мајаковски бр. 12/1-18, 1000 Скопје, за проектот „Заедно за просперитетна заедница“, финансиски поддржан од Агенцијата за меѓународна соработка на САД – УСАИД

1.2. Предмет на набавка: Изработка на деталeн урбанистички план за Урбаната единица „29 Ноември“, Урбан блок 76, во реонот на Генерален урбанистички план на град Тетово.

  • За УЕ „29 Ноември“, УБ 76, со вкупна површина од 5 ха, изработка на:
    • Ажурирана геодетска подлога;
    • Планска програма;

– Детален урбанистички план со плански период 2024-2029 годинa;

  • Количина:
УБ 76, УЕ „29 Ноември“ 5 ха
Вкупно: 5 ха

 

1.4.  Исполнетост на минимум услови:

  • Правно лице со лиценца за изработување на урбанистички планови;
  • Обезбеден планерски тим/тимови од архитекти и инженери од други релевантни области потребни за урбанистичко планирање;
  • Одговорен планер на планерскиот тим со искуство во изработка на урбанистички планови;

 

1.5. Цена и начин на плаќање:

Набавките за потребите на проектот се ослободени од плаќање даноци, увозни давачки и акцизи во Република Северна Македонија.

  • Понудата не е делива. Понудувачот треба да ги внесе единичните цени и вкупната цена на набавката во предмерот од Прилог 1.
  • Понудата треба да е со важност од најмалку 60 дена.
  • Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на понудувачот, да биде искажана посебно без ДДВ и со ДДВ.
  • Цената на понудата да биде во македонски денари.
  • Доколку одделна понуда содржи невообичаено ниска цена, побарувачот ќе бара од понудувачот, во примерен рок не пократок од пет дена, да ја објасни цената или трошокот наведен во понудата, доколку смета дека понудата содржи невообичаено ниска цена во однос на услугите или работите што се предмет на набавка или доколку постои сомнеж дека договорот ќе биде извршен.
  • Доколку побарувачот процени за потребно, може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.

Начинот на плаќање е вирмански по доставена фактура за извршената услуга во рок од 60 дена. Понудувачот има обврска да достави фактура согласно извршената услуга по техничка спецификација и цени утврдени во конечната понуда. Плаќањето ќе биде 7% аванс, 15% по одобрување на планска програма, 25% по изработување на нацрт детален урбанистички план, 30% по изработување на предлог детален урбанистички план и остатокот од 23% по усвојување на детален урбанистички план.

 

1.6. Динамика и рок на испорака:

Понудувачот е должен да достави предлог динамички план за процесот на изработување и донесување на детален урбанистички план, а се однесува на предметот на набавка од точка 1.2.

Во динамичкиот план потребно е да бидат предвидени следните поединечни рокови, кои се однесуваат на извршување на задачите на понудувачот:

  • Рок за пристапување кон работа (по известувањето за избор на најповолен понудувач);
  • Изработка на планска програма и ажурирана геодетска подлога (по добивање на услови за планирање и решение за условите за планирање на просторот) – рок за извршување најмногу 2 месеци;
  • Изработка на нацрт детален урбанистички план (по одобрена планска програма) – рок за извршување најмногу 4 месеци;
  • Изработка на ревидиран предлог детален урбанистички план (по добиениот извештај од Јавна презентација на Јавна анкета) – рок за извршување најмногу 2 месеци.

 

  1. Посебни одредби:
  • Избраниот најповолен понудувач е должен да достави банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на Договорот во висина од 15% од вкупната вредност на договорот без ДДВ во рок од 10 дена од денот на потпишувањето нa договорот.

Гаранцијата се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат. Гаранцијата ќе биде со важност до целосно реализирање на договорот. Банкарската гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот треба да биде издадена од банка. Банкарската гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот. Гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот му се враќа на носителот на набавката во рок од 14 дена од денот на целосното реализирање на договорот. Во случај кога е продолжен рокот за реализација на договорот или е зголемена неговата вредност, носителот на набавката соодветно треба да ја продолжи важноста и вредноста на гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот.

  • Комисијата за евалуација на понудите заради оценка на исполнетост на условите за правното лице, од точка 1.4 на овој Повик, има право од понудувачите да побара дополнителна документација, односно појаснувања во текот на целиот процес на евалуација на понудите.

 

  1. Доставување на понудата
  • Понудата и останатата документација се испраќаат во запечатен плик. Надворешниот плик треба да го носи бројот на повикот како и ознаката „не отворај”.
  • Пратката се доставува курирски, со предавање во архивата на набавувачот, на адреса: ул. „Мајаковски“ бр. 12/1-18, Скопје.
  • Рок на поднесување на понудата е најдоцна до 04.02.2025 година до 12:00 часот по средноевропско време на следната електронска адреса: [email protected].
  • Останата документација која треба да ја содржи понудата:
  • Копија од лиценца за изработување на урбанистички планови;
  • Копија од М1 и М2 образец за вработените;
  • Референтна листа* на понудувачот на изработени, донесени и тековни урбанистички планови за последните 2 години. Во референтната листа да се назначи периодот на искуство во изработка на урбанистички планови, односно да се наведе годината на издавање на првата лиценца за изработување на урбанистички планови;
  • Предлог динамички план за изработка и донесување на деталните урбанистички планови за кои се однесува понудата;
  • Кратка биографија за сите членови на планерскиот тим/тимови, со референтна листа* за одговорниот планер на изработени, донесени и тековни урбанистички планови како одговорен планер, во последните 2 години;
  • Склучен договор или изјава за соработка за конкретниот предмет на набавка, потпишани од двете страни, за ангажирани инженери од други области релевантни за урбанистичкото планирање, а кои не се вработени во правното лице понудувач; Приложувањето на овие документи ќе се смета за предност.
  • Доколку понудувачот има сертифициран систем за управување со квалитет согласно ISO 9001:2015 треба да приложи копија од важечки сертификат издаден од акредитирано тело;
  • Изјава за посветеност и соработка во реализација на понудените активности;
  • Изјава за веродостојност на податоци.

* Референтната листа задолжително да ги содржи сите урбанистички планови кои се изработени и/или донесени и плановите кои тековно се изработуваат, со најмалку следните параметри: име на планот, нарачувач, површина изразена во хектари, период на изработка, година на донесување, опис на моменталниот статус (поднесен, донесен, тековен).

 

  1. Завршни одредби

4.1.   Понудите кои не се предадени во определениот рок, како и оние кои не ги содржат сите потребни елементи согласно условите на повикот, нема да бидат разгледани.

  • Повикот е отворен.
  • Понудите ќе бидат оценувани комисиски по основ на следните критериуми:
  • Цена
  • Начин и услови на плаќање
  • Рок за почеток на работите
  • Квалитет на понудувачот:
    1. Важност на лиценца издадена согласно одредбите од Закон за просторно и урбанистичко планирање (Сл. весник на РМ, бр. 42/2014, 199/14, 44/15, 193/15, 31/16 г.);
    2. Лиценца издадена согласно одредбите од Закон за урбанистичко планирање (Сл. весник на РСМ, бр. 32/2020 г.);
    3. Број и начин на вработување на архитекти инженери;
    4. Број и начин на вработување на инженери од други области релевантни за урбанистичко планирање;
    5. Времетраење во години на искуство во изработка на урбанистички планови на понудувачот;
    6. Број на референци на изработени и донесени урбанистички планови на понудувачот, во последните 3 години;
    7. Застапеност на тековни урбанистички планови;
    8. Лиценца за проектирање;
    9. Сертифициран систем за управување со квалитет согласно ISO 9001:2015;
  • Квалитет на планерскиот тим:
    1. Обезбеден број на учесници планери во планерскиот тим/тимови;
    2. Број и струка на ангажирани инженери и експерти од други релевантни области вопланерскиот тим/тимови;
    3. Времетраење на искуство на одговорниот планер на планерскиот тим во изработка на урбанистички планови;
Критериуми Максимални поени Нивоа на бодување
Досегашно временско постоење и работење на фирмата 30 0-3 години = 20 поени, 4-6 години = 25 поени, > 6 години = 30 поени
Претходно изготвени детални урбанистички планови 30  0-3 планови = 20 поени, 4-10 планови = 25 поени, >10 планови = 30 поени
Вработени дипломирани инжинери-архитекти 20 1-3 инжинери = 10 поени,> 3 инжинери = 20 поени
ВКУПНО 80  

 

  1. Број на референци на одговорниот планер на планерскиот тим на изработени и донесени урбанистички планови, во последните 2 години;

 

За дополнителни информации понудувачите можат да го контактираат Суад Скендери, контакт 078 223 720, е-маил [email protected] .

 

ДОКУМЕНТИ ЗА ПРЕВЗЕМАЊЕ:

ПОВИК И УСЛОВИ ДУП ТЕТОВО

ПРИЛОГ 1 ТЕТОВО

ПРИЛОГ 2 ТЕТОВО