Во 2026 година се регистрирани 88.541 невработено лице, што претставува најниска вредност во анализираниот период. Сепак, намалувањето на регистрираната невработеност не е рамномерно распределено меѓу различните етнички заедници.
Во текот на 2025 година, вкупниот број регистрирани невработени лица се намалил од 96.731 на 90.278, односно за 6,7%. Кај Ромите, во истиот период, бројот се намалил од 10.311 на 10.088 лица, што претставува пад од само 2,2%. Поради побавното намалување, учеството на Ромите во вкупната регистрирана невработеност се зголемило од 10,7% на 11,2%. Долгорочните податоци покажуваат дека бројот на регистрирани невработени Роми е намален во споредба со највисоката вредност забележана во 2020 година. Сепак, тој останува значително повисок во однос на 2016 година, кога биле регистрирани 6.201 лице, наспроти 10.008 во 2026 година.
Овие движења укажуваат дека општото подобрување на показателите за невработеноста не се одразува еднакво врз сите заедници. Притоа, намалувањето на бројот на лица во евиденцијата на Агенцијата за вработување не треба автоматски да се толкува како резултат на ново вработување. Дел од лицата може да бидат избришани од евиденцијата поради миграција, преминување во неактивност, ангажирање во нерегистрирана работа или намалена доверба во институционалните услуги.
Превземете ја брошурата со детален приказ на трендовите на невработеност кај различни етнички заедници во нашата држава:
Брошура: Трендови на невработеност (2016–2026) | Етничка структура
Трендови на невработеноста по етнички заедници
Општи трендови на регистрираната невработеност
Повеќе информации за ромската заедница може да најдете во
Извештајот во сенка 2026
.











