Во рамки на Проектот на УСАИД за Инклузија на Ромите имплементиран од страна на Институтот за истражување и анализа на политико Ромалитикло објавуваме повик за поднесување на предлози за модули за Школа за лидерство за Ромки. Апликантите може да поднесат цела програма за Школа за лидерство за Ромки, но и може да поднесат предлози со извоени модули.

Школата за лидерство за Ромки има за цел да креира нова генерација на лидерки Ромки кои активно ќе бидат вклучени во сите општествени текови. Целта на школата е да обезбеди стекнување на лидерски вештини, јакнење на самодовербата и создавање на можности за личен и професионален развој.

Изработката на програмата е наменета за Ромки на возраст од 18 до 30 години. Во женската програма во рамки на Проектот на УСАИД за Инклузија на Ромите ќе бидат вклучени и менторки кои дополнително ќе комуницираат со учесничките во програмата. Селекцијата на учесничките во лидерската школа ќе се одвива во рамки на Ромалитико.

Кој може да аплицира? Овој повик е отворен за:

  • НВО со докажано искуство на темата лидерство.
  • Компании, академии или други бизниси кои вклучуваат и работат на тема лидерство.
  • Група на индивидуи со искуство во лидерство и водење на програми за лидерство.

 

Заинтересираните кандидати/ки треба да ја поднесат следната документација:

  1. Портфолио на организацијата, фирмата или на индивидуите во однос на спроведување на активности поврзани со лидерство и организирање на обуки во рамки на темата лидерство
  2. Предлог модул или модули во следните области кои можат да бидат и поконтретно објаснети: лидерство, бизнис, личен и професионален развој, дигитализација, стратешко делување и други слични теми блиски на лидерството.
  3. Буџет
  4. Формат на школата (времетраење на еден модул и други детали) и врменска рамка за реализација на модулите

Овој повик вклучува изработка на програма и/или модули за школата. Имплементација на програмата или модулите ќе биде во соработка со Ромалитико. Логистиката за имплементација на програмата или модулите е во рамки на Ромалитико.

Овој повик овозможува и комбинирање на модули од различни апликанти. Преферираме еден модул на месечно ниво, меѓутоа може да се предложи и различен модел на сесии.  Времетраењето на целата програма со повеќе модули преферираме да биде од најмалку 5 модули до најмногу 8 модули. Меѓутоа секој понудувач може да аплицира со еден или повеќе модули кои потоа ќе може да се комбинираат за креирање на цела програма.

 

Критериуми за избирање на најдобрата понуда:

  1. Портфолио на апликантот со искуство во спроведување на обуки на тема лидерство – 30%
  2. Предлог модул или модули (програма) – 30%
  3. Предлог вклучени предавачки во модулите и во програмата – 20%
  4. Иновативност и креативност на модулите – 10%
  5. Буџет – 10% (детали се во темплејтот за буџет)

 

МАТРИЦА ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИИ по програма и по модул

Критериум Максимален број на поени Под-критериуми
1. Искуство и Референци на Апликантот (Портфолио) 30 – Докажано искуство во слични проекти (20 поени)
– Релевантност на претходните проекти кон темата за лидерство (10 поени)
2. Квалитет и Релевантност на Програмата 30 – Јасност и деталност на предложените модули (20 поени)
– Усогласеност со целите на школата за лидерство (10 поени)
3. Квалификации и Референци на Предавачите 20 – Релевантни квалификации и искуство на предавачите (10 поени)
– Можност за инспирација и мотивација на учесниците (10 поени)
4. Иновативност и Креативност 10 – Нови и уникатни методологии (10 поени)
5. Буџет и Ефективност на Трошоците 10 – Јасен и детално распишан буџет (10 поени)

 

Процес на поднесување: Апликациите треба да се поднесат преку е-пошта [email protected] и [email protected]

Краен рок за поднесување: 20 февруари 2025 година

Контакт информации: За прашања или дополнителни информации, ве молиме контактирајте не на [email protected] или 077540324

 

Дополнителни напомени:

  • Апликациите ќе бидат разгледани по завршувањето на проектот. На Ромалитико останува право да предложи корекции во програмата и во буџетот и да побара спојување на модули од различни апликанти за креирање на финална програма.