Бараме храбри, креативни и амбициозни девојки кои се спремни да го започнат нивното трансформативно патување кон создавање на промени за себе и нивната околина. Оваа школа ќе ви овозможи:
– Да стекнете знаење во областа на лидерство, личен и професионален развој, бизнис, стратешко делување, дигитализација и слични други теми преку организирани модули на месечно ниво во времетраење од најмалку 5 до најмногу 8 месеци;
– Да запознаете ваши врснички кои делат иста амбиција како и вас;
– Да имате менторски сесии со менторки од кои можете да научите различни вештини за донесување на одлуки и животни одлуки;
– Да се вклучите во активности кои ќе бидат спроведувани во рамки на Ромалитико
Како организатор на Школата за лидерство на Ромки, Ромалитико ќе ги покрие сите трошоци во врска со превозот и престојувањето (доколку е потребно) за реализацијата на Школата за лидерството на Ромки.
Школата за лидерство е отворена само за Ромки на возраст од 18 до 30 години.
Рокот за пријавување на школата е до 20 февруари 2025 година.
Доколку имате прашања може да се обратите на [email protected] и на [email protected]









