ШТО ПОСТИГНАВМЕ ВО 2023 СО „ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ИНКЛУЗИЈА НА РОМИТЕ“
Бројките што следат подолу не се само статистика, овие бројки се заеднички сменети ваши животни приказни. Продолжуваме да ја оправдуваме вашата ДОВЕРБА и во 2024 година. Ги процесираме вашите барања кои секојдневно стигнуваат на социјалните мрежи.
Во 2023, покренавме повеќе од 2167 предмети за пристап до права и сервиси во сите 5 области на делување: социјална и детска заштита, лична документација, вработување, образование, здравствена заштита и домување.
Активни сме во 19 општини со повеќе од 800 дадени советувања, покренати 23 судски постапки, комплетирано основно образование со свидетелства на 97 возрасни Роми, поддршка за аплицирање на над 170 средношколски стипендии за Роми, 390 Роми кои добија изводи, 16 од нив кои добија државјанство, 19 ромски семејства кои добија социјални станови и ургенции за легализација на 21 семејство.
Во областа на бизнис и претприемништво посредивме за вработување на 169 Роми, вклучивме повеќе од 47 лица во мерките на АВРСМ, дадовме поддшка за добивање на 12 грантови за самовработување со вкупна вредност од над 70.000.000 евра и дигитализиравме 13 ромски бизниси.
Во делот на соработка со општините, доставивме 72 буџетски предлози во вредност од околу 75 милиони денари од кои се усвоени 36 во вредност од 20.3 милиони денари, присуствувавме и на 58 седници на совет.
Достигнавме на 1.1 милион ваши прегледи на социјалните медиуми, гостувавме на 8 национални телевизии, бевме публикувани со над 120 вести на 35 различни веб-портали. Издадовме и 3 броја на е-списанието РОМА ИНДЕКС со 12 интервјуа на познати Роми на светско ниво и над 17 авторски текстови на влијателни Роми во нашата земја.
Благодарност до сите општини и институции за нивната поддршка како и целата структура на Ромалитико без кои немаше да се смени ниту една животна приказна на подобро!
ШТО ПОСТИГНАВМЕ ВО 2023 СО „ЗАЕДНО ЗА ПРОСПЕРИТЕТНА ЗАЕДНИЦА“
Реализиравме акции во висина од ,, милиони денари за развој на животниот стандард на повеќе од . илјади Роми во општини.
реконструиравме патишта од над 2,5 km како и 6 објекти
поставивме 235 m канализациони мрежи во 2 општини
осветливме 1.5 km пат во ромските маала
организиравме 5 еколошки акции со над 200 млади за почиста животна средина на критични места
мотивиравме 5 самоиницирачки акции со нашите Роми
12 од акциите опфатија над 50 лица од ранливи групи
генериравме над 17.4 милиони денари поддршка
Моментално активни се акции во истите области, а следат и многу нови во текот на 2024!
Ова се локални акции иницирани и спроведени од Ромите во нивните маала!
Sare barabar amenge bash romano anglunipa! Oven saste!
Благодарност до сите општини и институции за нивната поддршка и донации како и целата структура на Ромалитико!
ШТО ПОСТИГНАВМЕ ВО 2023 СО ПРОГРАМАТА РОМАКТЕД II ФАЗА
20 инфраструктурни зафати (патишта, фекални мрежи, детски игралишта, училишта)
471 ромско дете (209 девојчиња) вклучени во активностите за туторство
176 прегледи на лица од ромската заедница преку мобилна амбуланта
380 млади Роми од четири општини поминаа обуки за активно барање на работа
Во две општини 28 Роми од кои 15 жени со одмината возраст се стекнаа со основно образование
8 информативни сесии за активните мерки за самовработување во кои учествуваа 146 Роми
13 Роми од четири општини од кои 3 жени со одмината возраст се стекнаа со средно образование
На 51 лице беше дадена поддршка за вработување на Роми
40 лица од Прилеп и Битола преку дадената поддршка се вработија
15 грантови во вредност од 223,230 евра, општините обезбедија свое учество во вредност од 29,842 евра
Во синергија со проектот “Заедно за просперитетна заедница” се обезбедија 19,757 евра за две акции една во Велес и една во Тетово
Беа одржани две работилници во кои 30 судии и јавни обвинители ги усовршија своите вештини во антидискриминација, антициганизам и судската практика на Европскиот суд за човекови права.
Летниот семинар за борба против дискриминација и говор на омраза што се одржа во Охрид од 27 до 29 јуни. Учесниците се запозна со главните концепти на антидискриминација и борба против говорот на омраза, како и концептот на антициганизам.