ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ИНКЛУЗИЈА НА РОМИТЕ
Цели
Намалување на дискриминацијата врз Ромите. Подобрување на вклученоста на Ромите во општеството.
Времетраење на проектот
Јануари 2021 година – Јануари 2026 година
Финансиска поддршка од УСАИД
1 милион долари
Партнер за имплементација
Институт за истражување и анализа на политики Ромалитико
Проектен директор
Елвис Шаќири
[email protected]
Времетраење на проектот
Јануари 2021 година – Јануари 2026 година
ПОЗАДИНА
Ромите се најранлива и загрозена етничка заедница во Северна Македонија. Анкетите покажуваат дека останатите заедници ги перцепираат како заедница во која имаат најмалку доверба. Ромите доживуваат бројни предизвици во нивните секојдневни животи поради предрасуди, дискриминација и расизам, што создава бариери за нивно социјално вклучување, зајакнување, вработување, учество во креирање на политики процеси и структури на национално и локално ниво.
ОПИС НА ПРОГРАМАТА
Целта на Проект на УСАИД за инклузија на Ромите е да ја мотивира ромската заедница и граѓанските организации (ГО) да преземат лидерски улоги во развојот и спроведувањето на националните стратегии и политики кои се однесуваат на вклученоста на Ромите и да ги следат и притискаат владините институции за одговорност кон решавање на ромските прашања и потреби. Преку ова партнерство со Институтот за истражување и анализа на политиката „Ромалитико“ ќе промовираме активности за решавање на прашањата за човековите права што ги има ромската заедница и проблемите кои тие самите ќе ги идентификуваат како приоритетни. Ние ќе го поддржиме образованието и активности кои ќе ја зголемат свеста на Ромите за нивните човекови права и механизми за решавање на повредите на правата.
Преку ова партнерство имаме за цел да ги намалиме стереотипите и предрасудите против Ромите со намалување на нивната ранливост кон економска сиромаштија и намалување на нивната зависност од јавна помош. Ние ќе поддржиме активности за зголемување на свеста на јавноста за потребите на Ромите и потенцијалот на ромската заедница да придонесе за општеството.
Преку оваа активност, ние понатаму ќе соработуваме со ромските заедници од 20 општини, ГО, релевантни владини институции и други локални соработници. Водени од принципот на локална сопственост, целосно ќе се потпреме локални капацитети за извршување на проектните активности.
ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ И ВЛИЈАНИЕ
- Лидерите на ромската заедница и граѓанските организации ќе имаат зголемен капацитет активно да се вклучат во спроведувањето на Националната стратегија „Едно општество за сите“ и стратегијата за Ромите.
- Ромските лидери, ГО и нивните коалиции ефикасно ќе се залагаат за политичка поддршка и финансиски ресурси за решавање на проблемите на Ромите.
- Лидерите на ромската заедница и граѓанските организации ќе соработуваат со владата и институциите за да развиваат и спроведуваат политики, акциони планови и иницијативи кои ќе ја подобруваат вклученоста на Ромите во јавниот и приватниот сектор.
- Ромските заедници ќе имаат зголемено знаење за нивните уставни и човекови права, како и достапните механизми за решавање на прекршувањето на правата.
- Пошироката јавност ќе има поголема позитивна перцепција за Ромите и зголемена свесност за потребите и прашањата на Ромите.
- Ромската заедница ќе ги идентификуваа нејзините приоритетни проблеми во однос на човековите права преку инклузивен и партиципативен процес и истите ќе бидат решени преку прилагодени интервенции.
- Хабовите во 20 општини ќе обезбедат учество на Ромите во одлуките за политики на локално ниво и ќе обезбедат правно, здравствено, психосоцијално, советување за вработување и други видови советувања и помош на ромската заедница.
Оваа страница е подготвенa со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите на оваа страница не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за Меѓународен Развој или на Владата на Соединетите Американски држави.
За повеќе информации за работата на УСАИД во Северна Македонија посетете ја нивната веб страница USAID North Macedonia website или фејсбук страница USAID North Macedonia Facebook.
Злоупотреба на квотатата при упис во средните училишта
Злоупотребата на квотите при упис во средните училишта е еден од проблемите со кои се соочува ромската заедница со што фиктивно се зголемува и бројот на ученици роми во средните...
„ЗАЕДНО ЗА СКОПЈЕ” во чест на катастрофалниот земјотрес од 1963 година
На 26 јули 2024 во МКЦ во организација на Здружението Хуманитарно Културен ФЕНИКС се одржа интернационално-традиционалниот поетски фестивал "ЗАЕДНО ЗА СКОПЈЕ" во чест на...
Институтот Ромалитико заедно со Заменик амбасадорот на САД Ерик Мејер во посета на фабриката Lear Corporation
По повод 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите, Институтот Ромалитико заедно со Заменик амбасадорот на САД Ерик Мејер ја посети фабриката Lear Corporation. Ромалитико во...
Кампања #ИднинатаЕЈас
По повод Интернационалниот ден на девојчињата - 11 октомври ја организиравме кампањата #ИднинатаЕЈас во кои беа вклучени 11 девојчиња Ромки со различни интереси и таленти. Со...
Попладневно дружење во Амбасадата на Словачка
На 7ми ноември 2024, г-а Жанет Маркушова, сопруга на амбасадорот на Словачката Амбасада во Северна Македонија покани група на Ромки жени активистки на попладневно дружење. На...
Посета на семејствата кои добија социјален стан во Неготино
Посета на семејствата кои добија право на закуп на социјален стан во општина Неготино Нашиот теренски соработник Сафет Темуровски вели: "Kако теренски соработник на Ромалитико...
Повик за доделување на грантови на граѓански организации наменет за жени Ромки
Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико објавува повик за доделување на прв циклус на грантови на граѓански организации (ГО) во рамките на Проектот на УСАИД...
Моќни пораки од жените Ромки до сите нас! Честит Меѓународен ден на жената – 8 март!
Честит Меѓународен ден на жената - 8 март со моќни пораки од жените Ромки до сите нас! Прочитајте ги пораките на 20 жени Ромки: Фирдеза, Сеара, Назмија, Ава, Ќефајет, Амела,...
Попис на куќите кои се во постапка за легализација во Штип
Нашите соработници од Штип изминатиов викенд вршеа попис на куќите кои се во постапка за легализација, а истите се изградени на приватен имот и се комплексни за решавање. Се...