Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико објавува повик за доделување на прв циклус на грантови на граѓански организации (ГО) во рамките на Проектот на УСАИД за инклузија на Роми финансиски поддржан од Агенција на САД за меѓународен развој (УСАИД) наменет за жени.
Повикот за доделување на грантови се објавува во рамки на следната проектна цел: поддршка за инклузија на жените Ромки, нивно зајакнување, особено во областите на образование, здравство и вработување и интеграција на жената Ромка.
ЦЕЛ НА ПОВИКОТ
Целта на овој повик е да се обезбеди поддршка на граѓански организации кои ќе дизајнираат предлог проекти (акции) со активности за поддршка на инклузијата на жените Ромки и тоа во следните области:
- Здравство (подобрување на пристапот до здравствени услуги, едукација за пристапот до здравствени услуги, зголемување на информираноста за подобрување на здравствената состојба на жените Ромки и превенција од болести, подобрување на грижата за менталното здравје, женско здравје, сексуална едукација, едукација за здрава исхрана и здрави навики, и други слични активности во рамки на областа здравство и други активности кои спаѓаат под здравство а таргетираат жени Ромки);
- Образование и вработување (кариерно советување на млади Ромки, едукација за економско зајакнување и претприемништво, финансиска независност, искористливост на мерки за вработување на Агенцијата за вработување и други активности кои спаѓаат под образование и вработувања а таргетираат жени Ромки);
- Интеграција на жените Ромки (вклучување на жените Ромки во општествениот живот, зајакнување на самодовербата на жените Ромки, обезбедување на видливост на жената Ромка, дискусии на табу теми, едукација и заштита од семејно насилство, креативно изразување преку уметност и активности, зголемување на учеството на жените Ромки во процесите на донесување на одлуки, политичка едукација и други едукации кои спаѓаат под интеграција на жени Ромки, лидерство и други слични теми).
СОДРЖИНА НА ПРЕДЛОЖЕНИТЕ АКЦИИ
Проектните апликации треба да содржат проектни активности во насока на остварување на дефинираната цел на повикот. Предложените активности може да бидат во рамки на следните начини на спроведување на проектната цел: застапување, кампањи, директна комуникација со жени Ромки и застапување од нивна страна, настани со здружување на Ромки и не-Ромки, креирање на мрежи и други предложени начини на спроведување на активности.
Активностите кои ќе вклучат директно ангажирање на жени Ромки ќе имаат предност при селекцијата. Во овој повик особено охрабруваме доставување на креативни идеи.
Спроведувањето на акциите треба да се одвива во траење од 5 до 10 месеци. Овој период ги вклучува и подготвителните активности како и подготовката на завршниот наративен и финансиски извештај.
ГЕОГРАФСКИ ОПФАТ
Во рамки на повикот ќе се поддржат предлог проекти кои предвидуваат спроведување на активности на територија на Република Северна Македонија со фокус на следните општини:
Кичево, Велес, Гостивар, Виница, Неготино, Струмица, Кавадарци, Дебар, Кочани Град Скопје со сите општини, Битола, Прилеп Крива Паланка, Радовиш, Берово, Делчево, Штип, Куманово и Тетовo. Доколку вашата апликација опфаќа друга општина, замолуваме во апликацијата да ја наведете причината за опфатот на таа општина и приближниот број на жители Роми во таа општина.
РАСПОЛОЖЛИВИ СРЕДСТВА
Вкупната сума на расположливи средства за акциски грантови во рамки на проектот е до 30.000 (УСД) американски долари. Планирано е да се доделат максимум 5 грантови за спроведување на активности во предложената временска рамка.
Висината на поединечен грант треба да изнесува:
– најмногу 5.000 – 10.000 (УСД) американски долари.
Ромалитико го задржува правото да го смени овој износ (да го намали или зголеми) во зависност од резултатите од овој повик. Конечниот договорен износ ќе биде усогласен со апликантот пред потпишување на договорот.
ГЕНЕРАЛНИ КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО ВО ПОВИКОТ
Организациите кои се заинтересирани да учествуваат на повикот мора да ги исполнуваат следниве општи критериуми:
- да биде граѓанска организација, здружение, асоцијација или фондација, регистрирана согласно Законот за здруженија и фондации;
- да биде активна на локално ниво;
- активно да работи со жени Ромки;
- времетраењето на грантот не смее да трае помалку од 5 месеци или повеќе од 10 месеци.
Забелешка: На повикот не може да биде предложена акција финансирана од други извори на финансирање кои се спроведуваат во рамките на тековни проекти на организацијата. Исто така, доколку се утврди еднаквост или сличност на две или повеќе аплицирани акции, таквите апликации нема да подлежат на понатамошна квалитативна евалуација и ќе бидат одбиени.
Една организација може да аплицира како единствен носител и тоа само со еден предлог проект во рамките на повикот.
ПОДОБНИ/НЕПОДОБНИ ТРОШОЦИ
Најголем дел од вообичаените оперативни трошоци ќе бидат подобни, вклучително:
- Трошоци за бруто-плати/хонорари на персоналот вклучен во спроведување на акциите; (максимум до 30% од вкупната вредност на проектот);
- Дел од редовните оперативни трошоци на граѓанските организации (канцелариски трошоци, кирија, телефонски сметки, итн.) кои се релевантни за предложената акција (максимум 10% од вкупната вредност на проектот);
- -Директни трошоци поврзани со спроведување на предложените акции/активности: организирање на настани, печатење, материјали за видливост, превод и дизајн, изработка на веб страници и одржување, кампања, итн. (максимум 60% од вкупната вредност на проектот).
За акциските грантови во рамките на повикот, следните трошоци нема да се сметаат за подобни:
- Трошоци за активности кои се започнати пред денот на потпишување на договорот за грант;
- Трошоци за активности кои се завршени до/на денот на потпишување на договорот за грант;
- Трошоци што се финансиски поддржани од друг донатор;
- Проекти кои поддржуваат политички партии;
- Купување возила, ИТ техника, мебел и друг инвентар;
- Купување или реновирање (делумно или во целост) на недвижнини (земја, згради, итн.)
- Давање кредити на трети лица;
- Долгови и давачки за подмирување на долг;
- Акции поврзани само или во најголемиот дел со индивидуални спонзорства за учество во работилници, семинари, конференции и конгреси и други настани.
- Трошоци за даноци (ДДВ)*
*Апликантите со кои ќе биде склучен договор ќе треба самостојно да спроведат постапка за ослободување од ДДВ по основ на странска донација во Секретаријатот за европски прашања (СЕП), во соработка со Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ И НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ
Граѓанските организации аплицираат со пополнување на пријава која е потребно да ги содржи следниве документи:
- Уредно пополнет образец за предлог проект (Прилог 1) ПРЕВЗЕМИ
- Уредно пополнет образец за предлог буџет (Прилог 2) ПРЕВЗЕМИ
- Изјава (Прилог 3) ПРЕВЗЕМИ
- Копија од решението за регистрација на организацијата издадено од Централен регистар или тековна состојба од Централниот регистар
Целосна апликација со сите придружни документи наведени погоре треба да се испратат единствено во електронска форма на [email protected] и [email protected] (со назнака во Subject: Апликација – Грантови/2024), не подоцна од 17 часот, до 15 април 2024 година.
Забелешка: Во случај на некомплетна документација, апликацијата нема да биде предмет на понатамошна квалитативна евалуација и ќе се смета за одбиена. Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико, нема обврска после поднесена апликација во рамки на рокот за аплицирање да ја извести организација апликант дека нејзината документацијата е некомплетна.
РОКОВИ
Доставување на апликации: 15 април 2024 година, 17 часот
Поставување прашања на електронска пошта со наведен референтен број во предмет на пораката: QA – Грантови/2024 до 12 април 2024.
Објавување на поддржаните акции и склучување на договори: крај на април/почеток на мај 2024.
Спроведување на активностите: од мај/јуни 2024 или од август/септември во зависност од активностите на проектот
ОЦЕНУВАЊЕ И ИЗБОР
Предлозите ќе се оценуваат од страна на Комисија на оценувачи која ќе биде формирана за целите на оваа активност. Селекцијата на ГО ќе се врши врз основа на однапред воспоставени критериуми за избор кои се дел од овој повик. Изборот на организациите на кои ќе се додели грант ќе се одвива во две фази и тоа:
- Оценување на пријавите:
- Пријавата за предлог-проект и буџетскиот образец се целосно и соодветно пополнети и ги вклучуваат потребните прилози (копија од решение за регистрација на организацијата или тековна состојба);
- Поднесувањето на апликацијата е извршено во временскиот рок наведен во Повикот;
- Организацијата ги исполнува генералните критериуми за учество на Повикот
- Квалитативна евалуација на предлог проектите:
Бодирањето на предлог проектот ќе се врши според следната скала:
- Организациски капацитет и женско раководство (максимум 10 поени):
- Искуство во работа со ромската заедница и жени Ромки (10 поени)
- Креативност на идејата (10 поени)
- Административни, финансиски и управувачки капацитети (20 поени);
- Предлог-концепт на активности во согласност со целите на повикот (10 поени):
- Квалитет на предложените активности (10 поени);
- Предлог – буџет (максимум 20 поени):
- Адекватна можност за финансиско управување (10 поени);
Одлуката на Комисијата за избор на грантови е конечна. Апликантите по добиеното известување за одбивање на доставената пријава, а коишто сметаат дека биле оштетени поради грешка или нерегуларност во текот на процесот, може да поднесат приговор до Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико. Приговорите мора да бидат поднесени во пишана форма, во рок од 10 дена по известувањето за одбивање, а треба да се поднесе лично на адресата на Ромалитико.
Поднесувањето приговор нема да го одложи или промени процесот на склучување договори со избраните апликанти. Ромалитико ќе одговори на сите приговори во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на приговорот.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
За организациите кои ќе бидат избрани ќе биде организирана средба за појаснување на правата и обврските што произлегуваат од доделувањето на финансиската поддршка. Сите организации кои се пријавиле ќе бидат известени за резултатите од Повикот.
Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико, го задржува правото да не додели дел или сите расположливи средства и истите да ги пренамени за идни повици.