Придружувајќи се на глобаланта кампања против насилството врз жените, тимот на Ромалитко во рамки на Проектот на УСАИД за инклузија на Ромите од 14 ноември до 11 декември 2023 год. спроведе прашалник за безбедност и насилство во 16 општини. Прашалникот е одговорен од страна на 210 лица кои се изјаснија дека се од женски пол и 212 лица кои се изјаснија дека се од машки пол. Сите лица кои го одговорија прашалникот се лица од ромска етничка припадност.
На овој инфографик прикажуваме дел од одговорите од делот насловен насилство со компарирање на одговорите дадени од припаднички на женскиот пол и припадници на машкиот пол.
Овoј инфографик е подготвен од страна на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико во рамки на Проектот на УСАИД за инклузија на Ромите со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Мислењата во овој инфографик им припаѓаат на испитаниците и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски држави.