Име на проект: Миграциски триалог на Балканот
Имплементирано од: Водечка организација: СОВЕТ ЗА БЕГАЛЦИ БАДЕН – ВИРТЕМБЕРГ

Партнер: Институт за истражување и анализа на политики Ромалитико

Поддржано од: Еразмус +
Локација: Северна Македонија, Србија и Германија
Период на имплементација: 09.2020 – 02.2022
Краток опис: Со воспоставување мрежа помеѓу вклучените страни во советувањето и помагањето на бегалците и мигрантите во Германија и организациите од ромската заедница во Србија и Северна Македонија, нашиот проект ќе промовира социјална вклученост и разновидност преку подобрување на квалитетот на информациите достапни за оние кои се вклучени во советувањето и едукација на мигранти и потенцијални мигранти од ромската заедница во Србија и Северна Македонија, во врска со миграцијата во Германија. Со давање точни и ажурирани информации во врска со законската рамка за миграција во Германија ќе се помогне во борбата против гласините и лажните вести во врска со ова прашање.

Проектот исто така ќе понуди можност да се обезбедат повратни информации до надлежните актери во Германија во врска со искуствата и прашањата на ромската заедница во справувањето со процесот на миграција во Германија, како и искуствата на дискриминација. Исто така, ќе помогне во едукација на релевантни актери во Германија (како и пошироката јавност) во врска со состојбата на Ромите во овие земји, подигање на свеста за прашања како сегрегација, дискриминација и расизам. Со тоа, проектот ќе придонесе кон помагање на процесот на интеграција на луѓето со мигрантско потекло во Германија. Проектот треба да се осврне и на прашањето за враќање на мигрантите.

Web site: www.romalitico.org
Лице за контакт: Алберт Мемети