Датум на објава: 26.04.2024

Краен рок на аплицирање: 03.05.2024

Период на ангажман: Мај – септември 2024

Институтот за истражување и анализи на политики – Ромалитико во периодот од април 2024 до септември 2024 година го спроведува проектот насловен “Пристап до пазарот на труд преку зајакнување на вештини и поврзување на невработени Роми со компании” кој што е поддржан од We Effect, подружницата Скопје.

Општата цел на проектот да се зајакнат Ромите со специфични знаења, вештини и практично искуство и искористување на можностите на приватниот сектор за вработување. Опфатени општини: Гостивар, Тетово, Шуто Оризари, Куманово, Кочани, Штип, Виница, Берово, Битола, Прилеп.

Ангажирање на фацилитатори за економски развој на заедницата

Главна задача на фацилитаторите за економски развој на заедницата ќе биде мапирање и препознавање на предизвиците, потребите и можностите на ромската заедница, како и унапредување на бизнисот преку идентификување на лица од бизнис заедницата кои се подготвени да развијат дополнителни вештини за зголемување на нивниот бизнис и бидат менторирани од професионалци. Исто така, фацилитаторите за економски развој на заедницата ќе обезбедат и поврзување на ромската заедница со компании кои нудат можности за вработување.

Должности и одговорности на фацилитатори за економски развој на заедницата:

    • Учество на работилница за подготовка на индивидуален план за вработување, проценка на потребите и поврзување на невработени Роми со компании
    • Мапирање на минимум 90 Роми кои бараат работа и нивно пријавување во Агенцијата за вработување
    • Мапирање на најмалку 30 формални и неформални претприемачи Роми
    • Мапирање на потребите од кадар на локалните претпријатија
    • Идентификување на најмалку 60 Роми за учество на обука за инсталирање на фотоволтаични панели
    • Идентификување на најмалку 60 Ромки за учество на обука за негувателки
    • Идентификување на недостаток на работна сила во приватниот сектор и нивно поврзување со базата на податоци за невработените
    • Обезбедување на постојана поддршка и насоки за Ромите во текот на целиот процес за нивно вработување
    • Идентификување на заинтересирани и подобни претприемачи Роми за учество во “Програма за забрзување на растот“
    • Мапирање на работодавци
    • Поврзување на работодавците со идентификуваните барателите на работи од базата на податоци за невработени лица
    • Поддршка на проектниот тим при соработка и спојување на активни баратели за вработување со компаниите кои имаат потреба од работна сила.

Евалуација на понудите

Сите пристигнати апликации најпрво ќе бидат подложни на административна проверка. Апликациите ќе се сметаат за некомплетни и ќе бидат отфрлени од понатамошно разгледување доколку еден од документите недостасува.

Пријавите кои ќе ја поминат административната проверка ќе бидат подложни на техничка евалуација, според табелата со бодови подолу. Минималниот резултат за поминување на техничката евалуација се 50 поени (50% од максималниот што може да се добие).

Критериуми за техничка евалуација

Максимум

поени (вкупно 100)

Нивоа на бодување
Минимум средно образование (20 поени) 30 Високо образование = 25 поени

Магистерски студии = 30 поени

Минимум две години работно искуство во работа на терен со ромската заедница (15 поени) 30

3 години = 20 поени

4-5 години = 25 поени

6+ години = 30 поени

Минимум една година работно искуство во работа со претприемачи и поврзување на невработени Роми со бизнис заедницата  (10 поени) 25

2 години = 15

3 години = 20 поени

4+ години = 25 поени

Минимум една година работно искуство во внесување на податоци во дата бази, подготовка на извештаи и месечни извештаи за својата работа (timesheets) (5 поени) 15

2 години = 10 поени

2+ години = 15 поени

На првите десет кандидати чија апликација ќе добие најмногу резултати по техничката евалуација ќе му биде доделен договорот за ангажирање на овој проект.

Начин и потребни документи за аплицирање:

  • Лична биографија – CV
  • Мотивациско писмо кое треба да одговори на следниве прашања: Зошто аплицирате за работната позиција? Ве молиме, наведете какво било релевантно искуство за кое сметате дека ве прави соодветни за оваа позиција, вклучувајќи ги и вашите најзначајни достигнувања. (максимум 400 зборови)

Документите за апликација треба најдоцна да се достават до 03 Мај, 2024 година (17:00 часот) и истите треба да се испратат на следниот емаил: [email protected] со наслов: Апликација за теренски соработник.