Рок за аплицирање: 03 Мај 2024

Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико објавува Јавен повик за ангажирање на проектни менаџери.
Проектните менаџери треба да планираат, да ги имплементираат и успешно да ги извршуваат активностите во согласност со проектот и дефинираните рокови.
  • Проектните менаџери треба да обезбедат поддршка и координација на напорите на тимот согласно планот за работа на проектот.
  • Проектните менаџери треба да извршуваат планирање на активности и целосна документациска комуникација.
  • Проектните менаџери треба да подготвуваат агенда, состаноци и записницни од состаноци.
  • Проектните менаџери треба да подготвуваат проектна документација, планови и извештаи во согласност со проектот.
  • Проектните менаџери треба да планираат, организираат, координираат и контролираат прибирање на податоци, обработка на податоци и известување за истите
  • Проектните менаџери треба да подготвуваат и координираат со тендерска документација за набавки потребни во проектот.
  • Проектните менаџери треба редовно да комуницираат со проектниот директор и партнерите како и засегнатите страни за статусот на имплементација на проектот.
  • Проектните менаџери треба извршуваат и други активности поврзани со имплементација на проектот.

 

Квалификации

Кандидатите кои ќе аплицираат на повикот треба да ги поседуваат следните квалификации:
  • Завршено минимум високо образование (додипломски студии) од областа на општествените науки или други области дополнети со искуство во соодветната област
  • Стекнато минимум 2 години работно искуство во менаџирање на програми/проекти
  • Поседување на вештини за раководење со проект, мобилизирање на средства, известување и други административни вештини
  • Напредно познавање на Microsoft Office (Word, Excel, Power Point) и интернет алатки
  • Одлично познавање на Англиски јазик

 

Доставување на апликации

Кандидатите за проектен менаџер треба да ги достават следните документи:
  • CV
  • Мотивациско писмо
  • Листа на референци (работодавачи) за контакт

 

Документите за пријавување треба да се достават по електронски пат на е-маил адреса: [email protected]најдоцна до 03 Мај 2024 година со наслов „Апликација за проектен менаџер“

 

Селекција на кандидатите

Селекцијата на подобните кандидати за проектен менаџер ќе ја врши комисија креирана од страна на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико

Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико го почитува начелото на еднаков третман и недискриминација во одлуките.

 

Критериуми за селекција

  • Исполнување на условите на повикот
  • Квалитетот на доставените документи
  • Освоени поени на интервјуто

 

Само подобни кандидати ќе бидат повикани на интервју.

За одлуката за селекција на кандидатите ќе бидат известени само кандидатите кои ќе бидат повикани на интервју. Институтот Ромалитико го задржува правото да не ги извести одбиените кандидати за причините за нивно одбивање.