Социјалните мрежи претставуваат платформи за интеракција кои бројат над три билиони корисници, а моментално најкористената социјална мрежа глобално е социјалната мрежа Facebook. Социјалните мрежи ни овозможуваат глобална комуникација и брз пристап до информации. Покрај тоа, овие мрежи овозможуваат споделување на идеи, мислења и креираат отворен простор за дебати. Меѓутоа, покрај можноста за споделување на брилијантни идеи, ваквите платформи сепак често знаат да бидат и простор за јавно ширење на навредлива и вознемирувачка содржина препратена со говор кој може да предизвика ширење и поттикнување на говор на омраза.
Првиот дел од анализата се однесува на најчесто користените изрази на омраза кон ромската заедница. Во вториот дел се објаснува правната рамка на Северна Македонија, политиките на Европската Унија и пристапот на Советот за Човекови Прави од Стразбур во однос на говорот на омраза на социјалните мрежи. Последниот дел се состои од заклучок и препораки во однос на законски измени, како и воведување на политики во различни области кои ќе придонесат кон зголемена толеранција и пониско ниво на говор на омраза.