Република Северна Македонија ја усвои Декларацијата од Познан во 2019 година и по насоките  на Европската Стратешка Рамка во февруари 2022 ја усвои Стратегијата за Роми со цел да ја  унапреди социо-економската и правната положба, како и да ги унапреди културните и јазичните  права на ромската заедница. Според Извештајот за напредокот на ЕУ 2020, во делот на  Национална Стратегија за Роми, може да се заклучи дека постои лимитиран напредок во  имплементацијата на националните акциски планови, при што Ковид19 и енергетската криза  дополнително ја влошија состојбата на Ромите.  

Институтот за истражување и анализа на политики Ромалитико секоја година публикува  извештај за сенка кој се однесува на спроведувањето на националните акциски планови и  вклученоста на Ромите во генералните реформи и политики. Овој краток извештај за јавни  политики има за цел да ги претстави клучните предизвици во делот на домување, вработување,  политичка претставеност и попис кои подразбираат законски измени за поголема вклученост на  ромската заедница во општеството при што ги таргетира претставниците на законодавната  власт.  

Кликнете тука за да ја прочитате целата анализа