Овој документ има за цел да ја едуцира широката јавност за постоењето на  антициганизмот како концепт, но и да го препознае неговите карактеристики.  Водичот започнува со краток вовед за актуелната состојба и продолжува со  основни информации како што се: што претставува антициганизам,  објаснувајќи ја терминологијата и димензиите на антициганизмот. Вториот дел  од трудот се фокусира на обезбедување на неколку студии на случај на  антициганизам во нашата земја и Европа. Методот на студија на случај е  истражувачка алатка кое испитува и опишува реален современ феномен.  Како метод на истражување, методологијата на студија на случај е добро  воспоставена во општествените науки. Овој пристап може да помогне да се  информира практиката со илустрација на тоа како антициганизмот  функционира во реалниот живот, какво влијание има врз ромската заедница и  кои се прашањата и дилемите околу антициганизмот. Третиот дел има за цел  да ја мотивира и охрабри јавноста да излезат од нивната комфорна зона и да  се вклучат во борбата против антициганизмот со развивање на креативни  алатки.

Важно е да се спомене дека овој водич е заснован на Референтниот документ  подготвен од страна на Алијансата против антициганизмот, која е повремена  коалиција на организации кои промовираат еднаквост на правата за Ромите.   

Терминот антициганизам за прв пат во академската јавност се појавува помеѓу  1970 година и 1980 година. Tерминот антициганизам за прв пат е употребен во  работен документ за Европската информативна канцеларија за Ромите (ERIO)  во 2005 година од страна на Валериу Николае2, активист за човекови права.  Алијансата против антициганизмот оди еден чекор подалеку од влијателната  дефиниција предложена од Валериу Николае. Алијансата го дефинира  антициганизмот како специфична форма на расистичка идеологија кон  Ромите, Синтите, Патувачите и другите кои се перцепирани како „цигани“.  Терминот антициганизам во јавната сфера многу често се користи за да се  укаже на антиромските чувства и да се изразат негативни стереотипи, говор на  омраза и дискриминација. Концептот на антициганизам оди многу подалеку  од антиромските чувства и дискриминаторските дејствија кои можат да бидат  видливи или скриени манифестации на стереотипи и предрасуди. Затоа,  антициганизмот „не е само за она што се зборува, туку и за она што се прави  и што не се прави“.3

Кликнете тука за да го прочитате целиот водич